1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Полска тагува

По смртта на полскиот претседател Лех Качински во трагичната авионска несреќа, Полска е во шок. Десетици илјади луѓе јавно тагуваат низ целата земја. Владата во Варшава прогласи седумдневна жалост.

default

Десетици илјади луѓе во Варшава до раните утрински часови јавно тагуваа по нивниот претседател Лех Качински. Тие се собраа во центарот на Варшава и пред

Polen Flugzeugabsturz Trauer Deutschland

претседателската палата, преплавена од безброј свеќи и цвеќиња. Црквите ги отворија портите за верниците. „Се молиме за нашата татковина“, рече кардиналот Станислав Ѕивиц при мисата во катедралата на Вавел, поранешната резиденција на полските кралеви во Краков.

Седумдневна жалост

Претседателот на парламентот Бронислав Коморовски, според уставот ја презема должноста претседател. Тој прогласи седумдневна жалост. Со две минти молчење денеска напладне Полска ќе им оддаде почит на жртвите. Владата одржа вонредна седница, а премиерот Доналд Туск го откажа учеството на Самитот за нуклерна безбедност во Вашингтон. „Модерниот свет, се’ уште не доживеал ваква трагедија“, рече Туск пред да замине за Смоленск. Таму заедно со рускиот премиер Владимир Путин положија цвеќе на местото на несреќата. По тоа

Polen Flugzeugabsturz Trauer

Доналд Туск и Владимир Путин на местото на несреќата

премиерот Путин се обрати до полскиот народ: „Ова е ужасна трагедија. При авионската несреќа животот го загубија 96 луѓе, меѓу нив полскиот претседател Лех Качински. Ова пред се’ е трагедија за Полска и за полскиот народ, но ова е и наша трагедија. Тагуваме со вас, сочувствуваме со вас. Како премиер на Русија ви изразувам длабоко сочувство. Државната комисија формирана во Москва прави се’, во овие тешки моменти да им помогне на членовите на семејствата кои доаѓаат во Москва. Се молиме со вас,“ рече Путин.

Жртвите од несреќата се пренесени во Москва, каде треба да се изврши нивна идентификација. Братот близнак Јарослав Качински ги идентификуваше загинатиот претседател Лех Качински и неговата сопруга Марија, пренесе руската новинска агенција Риа Новости. Европската комисија утре ќе им одаде почит на жртвите со две минутно молчење, а сите знамиња во Брисел ќе бидат на половина копје.

Пилотска грешка

Polen Flugzeugabsturz Trauer

Варшава

Според досегашните сознанија од истрагата, руските власти сметаат дека за катастрофата е оговорен пилотот на претседателскиот авион. Заменикот-шеф на генералштабот на руското воено воздухопловство, Александер Аљошин изјави дека пилотите на авионот неколкупати ги игнорирале упатствата на котролорите на летање. Агенциите јавуваат дека авионот се урнал при четвртиот обид за слетување во услови на густа магла.

Во трагичната авионска несреќа животот го загубија сите 96 патници, меѓу нив претседателот и неговата сопруга, заменик министерот за надворешни работи, шефот на централната банка, повеќемина парламентарци и речиси целото раководство на полската армија. Високата полска делегација требаше да учествува на одбележувањето на 70 годишнината од масакрот во Катинската шума.

Автор: АТ/ЖА/АЗ/ЕХ/афп/дпа/ртр

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM