1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Полска – парламент

*

Со самораспуштањето, парламентот во Полска отвори пат за предвремени избори во земјата, кои би се одржале наредниот месец. На крајот на жестоката дебата во Сејмот, 377 пратеници гласаа за самораспуштање, додека против беа 54-ца. Претседателот на земјата објави дека новите избори ќе се одржат на 21 октомври. Според истражувањата на јавното мислење, се очекува трка ”рамо до рамо” меѓу национално-конзервативната партија ’Право и праведност” на премиерот Јарослав Качински и либерално-конзервативната Ѓраѓанска платформа.