1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Полска – марш на хомосексуалци

Неколку илјади лица учествуваа на “Парадата за еднакви права“ во полскиот град Варшава. За време на повеќечасовниот марш низ центарот на главниот град дојде до повеќе инциденти, бидејќи десните радикали се обидоа со против демонстрации да ја попречат манифестацијата на поборниците на истополови партнерства. Исто као и минатите години на маршот учествуваа повеќемина европски политичари, како претседателката на германските Зелени, Клаудија Рот. Во католичка Полска истополовите партнерства и понатаму претставуваат табу тема.