1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Полска и Украина заеднички организатори на ЕП 2012-та

Фаворитите не се секогаш и победници – тоа го покажа и изборот на организатор на Европското фудбалско првенство 2012-та.

Во Полска и Украина владее радост по решението што го соопшти претседателот на Европската фудбалска федерација Мишел Платини. “Ова е историски момент, пробив во полскиот фудбал. За прв пат ќе бидеме домаќини на едно првенство. Ова е огромна шанса”, “Ова е енормна радост за нас. Се надевавме, инаку не би ни дошле овде” – коментираа љубители на фудбалот од Полска, кои вчера во Кардиф, во Велс, присуствуваа на објавувањето на решението.

Експерти оценуваат дека само во Полска ќе бидат потребни инвестиции од оклу 11 милијарди евра за изградба на комплетната инфраструктура. Но, среќа е што Полска во областа на безбедноста ќе може да земе искуство од Германија и нејзината организација на Светското првенство минатата година, рече министерот за внатрешни работи Јануш Качмарек и вети: “Полската полиција ќе биде 150 насто подготвена за мирен тек на првенството”

Поранешниот светски првак во бокс Виталиј Кличко вака го прокоментира изборот на неговата Украина да биде домаќин на првенството: “Тоа е најголемото нешто што можеше да и’ се случи на Украина и се однесува и на спортот, како и на политиката и економијата. Дома имаме тешка ситуаација. Сега одеднаш сите се воодушевени”. Фудбалскиот репрезентативец на Украина Андреј Вороњин, инаку играч на Баер Леверкузен, рече: “Нашите луѓе ќе се погрижат за тоа сите посетители да доживеат задоволство. Тие ќе бидат позитивно изненадени”.

Негативно изненадени беа Италијанците, кои се сметаа за фаворити за организација на првенството.