1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Полска го отвора својот пазар за работа

Во Германија невработеноста е се уште голема, а сепак, за многу рабони места не можат да се најдат работници: на пример помошници за жетва во земјоделството.

default

Полските ѕидари отидоа во Велика Британија, во Полска доаѓаат од Украина или Русија!

Тие најчесто доаѓаат од Полска, зашто во Германија заработуваат повеќе пари отколку дома.

Во Полска ситуацијата е слична: луѓето од источните соседи на оваа земја од Русија, Украина или белорусија се среќни ако најдат работа во Полска. Сега Варшава има намера да им го олесни пристпаот кон пазарот за работа.

И покрај големата невработеност во Полска која достигнува 12 проценти, многу поважна тема е недостигот на стручна работна сила. Особено и поради Европското првенство во фудбал во 2012 година што заеднички го организираат Полска и Украина. Ќе бидат потребни милијарди за изградба на стадиони, железнички линии и патишта, но и работници. Полското градежништво веќе сега се жали дека тешко наоѓа соодветна работна сила. И, не само тоа. Заменик министерот за труд Кажимјеж Куберски:

„Работодавачите јавуваат за потреби во скоро секој сектор, почнувајќи од обични помошници во земјоделството, до градежни работници, зашто имаме енормен порат на изградба на станови и токму тој сектор има потреба од работна сила„.

Според проценките, веќе сега во Полска полуилегално или сосем илегално, работат повеќе илјади Украинци. Сериозни бројки не се познати, но наспроти десетте илјади легално регистрирани украински гастарбајтери, се наоѓаат околу милион Украинци што годишно доаѓаат со туристички визи. Меѓутоа, ретко се гледаат околу туристичките атракции, а многу повеќе на градилиштата ширум Полска. Слично како и во Германија: соседите од исток работат најмногу таму, каде што не можат да се најдат домашни сили што би ја завршиле работата: собираат јагоди, работат како негуватели или на градилишта. Додека јазот во примањата меѓу Германија и Полска во последниве години полека се намалува, во споредбата Полска – Украина се зголемува. Во Полска просечната плата според официјални податоци, изнесува околу 2 илјади и 900 злоти бруто, односно 800 евра – фактор кој за четири до пет пати е поголем од украинскиот. И покрај слабите синдикати, полските плати во последните 12 месеци пораснаа за преку 9 проценти. Овој притисок на трошоците фирмите успеваат да го издржат со поголема ефикасност. Во меѓувреме и политката трага по рамнотежа, па законот што веќе стапи на сила им овозможува на работниците од источните соседи, засега три месеци, релативно без проблеми да работат во Полска. Најнапред новоста беше испробана во земјоделството вели Кубрески:

„Според искуствата и сознанијата дека не постои опасност, а и врз основа на потребите на нашата економија токму со поглед кон Европското првенство во фудбал во 2012 година, решивме, и покрај сопствената голема невработеност, да го отвориме нашиот пазар за работа„.

Новиот закон меѓутоа, наиде на жестока критика како премногу строг. Јереми Мордашевич од сојузот на фирмите „Левијатан„ тврди:

„Ниту еден работник од Украина, Русија или Белорусија нема да ја напушти работата за да дојде во Полска на само три месеци. Затоа дозволите за работа треба да се издаваат најмалку на една година и да се однесуваат и на други држави како Кина, Индија, Виетнам, Камбоџа и Азербејџан„.

Додуша и полската влада порадо би се завртела кон Азија, но има одговорност кон Европската унија: мора да биде претпазлива зашто издавањето полски визи може да биде автогол за целата Унија. Веќе во наредната година Полска треба да стане дел на Шенгенскиот простор, по што би отпаднале пасошките контроли: на пример, на полско-германската граница.

Инаку, големата невработеност во Полска е повеќе регионален проблем. Додека во Варшава владее целосна вработеност, само на 100 километри подалеку има место во кои одвај да има работа. Но, бидејќи невработеноста не е голема тема од која треба да се страхува, ниту отворањето на пазарот за работа за Украинците или Белорусите не претставува голем ризик.