1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Полската опозиција задоволна од веста за предвремени избори

*

Опозицијата во Полска ја поздрави најавата на премиерот Јарослав Качински за предвремени избори наесен. Качински потврди дека неговата партија Право и правда веќе не може да соработува со коалиционите партнери, поради што најверојатно на 21 октомври ќе има предвремени избори. Премиерот се реши на ваков чекор за да ја извади земјата од владината криза во која западна, откако беше сменет вицепремиерот Анджеј Лепер. Шефот на партијата Самообрана е обвинет за корупција.