1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Полош рејтинг за Шпанија и Италија, а во фокус е и Белгија

По рејтинг агенциите Стандард и Пурс и Мудис, сега и агенцијата Фич за еден степен ја намали оценката за кредитоспособноста на Италија. Фич, од друга страна, дури за два степени го намали кредитниот рејтинг на Шпанија.

default

Меѓународната рејтинг агенцијата Фич ја образложи својата одлука со заострената криза во еврозоната, која наталожува големи ризици за двете високозадолжени земји. Покрај тоа, прогнозите за растот на економиите на Шпанија и на Италија не се поволни, соопшти агенцијата. Кредитниот рејтинг на Италија е намален од „АА-“ на „А+“, додека оценката за Шпанија сега изнесува „АА-“ наместо досегашната „АА+“.

Недовербата расте

Ratingagenturen in der Kritik

Фич наведува дека должничката криза во Шпанија дополнително се продлабочила и агенцијата се сомнева во способноста на Мадрид за кратко време да го намали нивото на задолженост и да го забрза економскиот раст. Агенцијата исто така укажува и на губењето на доверба во банкарскиот систем во Италија и падот на вредноста на државните обврзници, што е последица на продлабочената криза во еврозоната.

Белгија во фокусот

Италија е третата по големина економија во еврозоната , со наталожени долгови од 1900 милијарди евра. Шпанија, пак, е четврта по големина економија во заедницата држави кои ја користат заедничката европска валута. Во фокусот на меѓународните агенции за кредитен рејтинг во меѓувреме се најде и Белгија. Агенцијата Мудис соопшти дека ликвидноста на високозадолжената држава е подложена на проверка.

Автор: Симе Недевски/ЕМФ/афп/ртр

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM