1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Полошо отколку што се мислеше?

Поради страв од излевање втор бран на отровна кал, унгарските власти утринава започнаа евакуација на сите жители од селото Колонтар, погодено од неодамнешната еколошка катастрофа. „Гринпис“ предупредува од последици.

default

Отстранување на токсичната материја

Околу 800 жители на селото Колонтар рано изутрина со автобуси го напуштаа селото, а местото го напуштија и домашните и странски новинари. Според изјавите на експертите, насипот го кој обезбедува еден од резервоарите на фабриката е оштетен и постои опасност од ново излевање на калта.

Отровната црвена кал од унгарската фабрика за алуминиум на 4 октомври го проби насипот и поплави 280 куќи, загрозувајќи го животот во четири унгарски општини околу местото Ајка. Во оваа еколошка катастрофа настрадаа седум лица, а најпогодени се селата Колонтар и Девешер.

Резултатите на анализата се загрижувачки

Организацијата за заштита на животната средина „Гринпис“, која изврши анализа на составот на излеаната отровна кал во Унгарија, излезе со алармирачки податоци. Особено загрижуваат вредностите на арсенот, хромот и живата. Бернард Обермајер, шеф на кампањата на „Гринпис“ за централна и источна Европа нагласи:

Ungarn Schlamm Hochwasser 08.10.2010

Долгорочни последици за реките, предупредува „Гринпис“

„Арсенот и живата многу лесно се раствораат во вода и ако стигнат до реките или до подземните води, долгорочно гледано ќе се најдат во синџирот на исхраната преку рибите. Така ќе настанат последици за здравјето на луѓето во регионот на подолг рок.“

Обермајер смета дека не е помината опасноста ниту за реките, според него, се закануваат долгорочни последици за екосистемите. Претставникот на „Гринпис“ одговорноста ја лоцира кај фирмата за производство на алуминиум во Унгарија. Или во резервоарот се наоѓала преголема количина згура, па тој попуштил, или надгледувањето било недоволно, смета тој.

„Во секој случај постои вина или барем небрежност кај фирмата и кај сосптвениците, кои се на второ место по богатство во земјата, имаат приватен имот од 145 милиони евра, заработен главно преку исклучително поволната приватизација на алуминиумскиот комбинат. Тие мора да ја сносат одговорноста“, истакнува Обермајер.

Автор: ЖА/ТТ/дпа/миа/дв

Редактор: Трајче Тосев

DW.COM