1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Полово сакатење во Германија

Денеска во светот се одбележува третиот меѓународен ден за борба против сакатење на половите органи кај жените. Во Германија според проценките живеат најмалку 20 илјади жени, чии гениталии се осакатени.

default

Демонстрации против сакатењето на женските полови органи во Хамбург

Посебно во некои африкански земји обрежувањето на половиот орган кај девојчињата има долга традиција. Но веќе подолго време тоа не е само африкански проблем. Во Германија според проценките живеат најмалку 20 илјади жени, чии гениталии се осакатени, а тоа им се заканува најмалку на 4.000 девојчиња, посебно ако потекнуваат од земји, каде што женското обрежување има долга традиција.

Затворски казни во Германија

На оној што допушта неговата ќерка да биде обрежана, според германското право му се заканува затворска казна до 10 години. Според германските закони во тој случај станува збор за сакатење на гениталиите, со тоа и за телесна повреда, објаснува правничката Ана Лена Хече:

„Тоа е престап против нашиот устав. И тоа е мешање во телесниот интегритет, кој мора да биде спречен“.

Повеќе случаи на полово сакатење во меѓувреме завршија пред суд. Сите процеси беа прекинати поради недостаток од докази, зашто судиите ниту можеа да утврдат кој го иницирал сакатењето, ниту кој го спровел.

Родители или од нив ангажираните обрежувачи досега во Германија не биле казнети.

Mädchen weint nach der Akt der Genitalverstümmelung

Расплакано девојче по зафатот на сакатење

Обрежување извршено на одмор

Постојано се случува родителите на годишен одмор да отпатуваат со нивната ќерка и таму да ја извршат процедурата. Без конкретни информации или пак кривични пријави, властите во Германија не можат да го спречат тоа.

Темата за половото сакатење во сваќањето на јавноста во Германија не игра никаква улога. Социологот Хајдемари Гробе жали поради тоа. Таа забележува два типа на реакции кај населението: гледање настрана или озборување.

Таа смета дека оваа тема треба да биде отворена во јавноста на пошироко ниво, при што треба да се укаже на здравствените опасности од сакатењето на гениталиите кај жените. Покрај тоа луѓето без миграциско потекло во Германија треба да се сензибилизираат за риуталното значење на оваа практика. Но не за да ја одобруваат, туку да ја разберат, зашто можеби ритуалите се дел од идентитетот на соодветни групи население, на кои им недостасува свест за повредите на човековите права.

Тема и во Бундестагот

На почетокот на јуни минатата година германскиот Бундестаг дискутираше за оваа тема и заклучи дека треба да се направи повеќе за нејзино разјаснување. Во таа насока, претставниците на властите, здравствени експерти и доселничките организации треба да ја засилат соработката. Меѓутоа во Германија нема соодветни советувалишта. Такви досега има само во Франција. Соработничките таму честопати имаат исто потекло како и оние кои ги советуваат. Во општиниските здравствени центри француските лекари им ги објаснуваат здравствените опасности и укажуваат на тоа дека ваквиот ритуал се казнува. Сакатењата и‘ ги пријавуваат на полицијата, вели адвокатката Гече.

„ Во Франција Велика Британија Шведска и Шпанија лекарите имаат обврска за пријавување на ваквите случаи. Повеќе кривични процеси досега имаше само во Франција. Инаку, во ниту една друга земја -членка на ЕУ немаше кривични процеси“, вели Гече.

Франција најконсеквентно го спроведува законот од сите земји во ЕУ. Таму бројот случаи на полово сакатење во изминатите години е значително намален.