1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Половина од сириските бегалци се деца

Од избивањето на граѓанската војна во Сирија, околу еден милион деца се во бегство, соопштија УНИЦЕФ и УНХЦР. Тоа значи дека половината од сириските бегалци се малолетни лица.

Речиси 750.000 од децата бегалци се на возраст под 11 години, соопштија УНИЦЕФ и Високиот комесаријат за бегалци. Во границите на Сирија, пак, се проценува дека во бегство се два милиони деца. Досега во крвавиот конфликт загинаа повеќе од 7 илјади момчиња и девојчиња.

Високиот комесар за бегалци Антонио Гутереш изјави дека сириската младина е соочена со опасност да ја загуби својата иднина. Шефот на УНИЦЕФ Ентони

Лејк пак, оцени дека „меѓународната заедница потфрли во исполнувањето на својата одговорност кон децата“.

„Милион деца бегалци не е само бројка. Сите треба да се засрамиме, бидејќи додека работиме, за да ги намалиме страдањата на погодените од кризата, меѓународната заедница искажува немоќ со одговорноста за тие деца“, изјави Лејк.

Сирискиот конфликт, кој трае 29 месеци, на бегство натера околу 6,8 милиони луѓе, а од нив 4,2 милиони се во бегство во сопствената земја.