1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Половина од Германците бараат оставка на претседателот Вулф

Германците се поделени околу прашањето - дали Сојузниот претседател Кристијан Вулф треба да си замине од функцијата или не. Бројот на оние што бараат негова оставка е еднаков со бројот на оние што сакаат тој да остане.

default

Претседателот Кристијан Вулф со граѓани на Оснабрик

Нема нешто што Кристијан Вулф, Сојузниот претседател со нагризан имиџ, во моментов сака повеќе од враќање на рутината во извршувањето на функцијата. Дури и новогодишниот прием за дипломатите е медиумски настан. Во моментов прецизно се следи секој чекор на Сојузниот претседател. Многу Германци веќе не му веруваат на првиот човек на државата. Дел од нив вели:

„Веродостојноста е веќе оштетена.“

„Секој прави грешки и грешките смеат да се простат, во секој случај.“

„Ако ме претставува треба да биде безгрешен. Не смее да си дозволува вакви испади. Дел од тоа е искреноста. На оваа функција нема втора шанса.“

Околу 56 проценти од Германците сметаат дека Сојузниот претседател Вулф веќе нема веродотојност. Само уште 37 проценти граѓани се на мислење дека е и натаму веродостоен.

Neujahrsempfang des Bundespräsidenten 2012

Будно се следи секој негов чекор - Вулф на новогодишниот прием за дипломатите

На Вулф не му помогна ниту телевизиското интервју од минатата недела. Случајот Вулф доминира на нaсловните страници - поволен кредит за недвижнини, гратис патувања, притисок врз редакции на весници. Претседателот стана неомилен, неговиот углед се „топи“.

Се‘ уште половината од Германците сака тој да остане на функцијата, но исто толку многу луѓе бараат Вулф да даде оставка - по 46 проценти. Останатите се неодлучни.

„Функцијата Сојузен претседател живее од веродостојноста зашто тој и онака нема моќ. Тој треба да покаже величина и да даде оставка“, вели еден граѓанин, а друг е на мислење:

„Има работи кои говорат за и против. Најнепријатно би било кога уште еден би дал оставка.“

Кристијан Вулф сака да остане на функцијата. Тој игра на време и се надева дека целата афера за една година ќе биде заборавена.

Прилогот можете да го погледнете и како Видео на денот!

Автор: Фолкер Витинг / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Борис Георгиевски