Половина милион граѓани на БиХ ќе станат граѓани на ЕУ | Европа | DW | 12.02.2013
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Половина милион граѓани на БиХ ќе станат граѓани на ЕУ

Иако БиХ нема ниту статус на кандидат за членство во ЕУ, значаен број нејзини граѓани летово, кога Хрватска ќе влезе во Унијата, ќе станат дел од ЕУ. Станува збор за луѓе кои имаат хрватски пасоши.

Од десет анкетирани жители на западниот, мнозинско хрватски, дел на Мостар, девет ни одговорија потврдно на прашањето дали имаат хрватски пасош. Но половината од нив не знаеја какви права и можности добиваат кога Хрватска кон средината на годинава ќе стане полноправна членка на ЕУ. Но, имаше и такви кои се обиделе да се информираат за предностите на поседувањето хрватски пасош.

„Па имаме исти можности како и Хрватите во Хрватска“, вели една средовечна госпоѓа.

„Можам да се вработам доколку сум квалификувана и најдам работа, слободно можам да патувам, како и секој европски граѓанин“, додава друга.

Госпоѓите се во право, потврди за ДВ портпаролката на хрватското Министерство

Collage Bosnischer und Kroatischer Pass

за надворешни работи Данијела Баришиќ.

„Сите права кои ги имаат хрватските граѓани ги имаат и граѓаните на БиХ кои имаат хрватско државјанство, а тоа се однесува и на вработувањето и слободата на движење“, вели Баришиќ.

Меѓу тие права се и правото на студирање на универзитетите во Европа под исти услови како и државјаните на земјите членки. Хрватските државјани со живеалиште во БиХ ќе имаат право и да му се обраќаат на Европскиот парламент, право на дипломатска заштита во трети земји и многу други права.

Ако не сака БиХ во ЕУ, ЕУ ќе дојде во БиХ

Според неофицијалните проценки, хрватско државјанство имаат околу 87 отсто од Хрватите во БиХ. Доколку на тоа се додаде и значаен број Бошњаци од регионот на Бихаќ, како и Срби кои од Хрватска пребегале во Босна, се проценува дека повеќе од половина милион граѓани на БиХ на 1 јуни ќе станат граѓани на ЕУ.

Kommunalwahlen in Bosnien und Herzegowina

Мостар, БиХ

Приемот на Хрватска во ЕУ на тој начин на голем број граѓани на БиХ ќе им донесе голема предност. Но, што е со оние кои немаат хрватски пасоши? Тие досега патуваа во Хрватска само со лична карта. Портпаролката на хрватското МНР, Баришиќ вели дека се прават напори тоа да остане така и понатаму.

„Но, тоа е нешто со што мораат да се согласат сите земји на ЕУ. Ние ќе станеме дел од ЕУ и не можеме тоа билатерално да го одработиме, но ќе се залагаме за максимално олеснета комуникација, минувањето на границите и транспортот“.

Во секој случај, кога веќе БиХ не напредува кон ЕУ, тогаш барем ЕУ ќе стигне на самата граница на БиХ, а притоа и голем број граѓани на Босна ќе станат и граѓани на Унијата.