1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Половина век од смртта на Томас Ман

Важи како еден од најзначајните германски романописци.Неговите „Буденброкови“,„Волшебниот брег“,„Доктор Фаустус“ и други се прилог кон светската книжевност.

default

Живот завршен со парадокс-за време на целиот свој животен век Томас Ман се трудеше да ја инсценира општествената слика на својата личност.Но,подоцна,самиот го сруши споменикот кој си го изгради со личната дозвола за објавување на неговиот дневник,кој го претстави како хомоеротичен,суетен и болешлив писател.

Во секој случај,неговата вредност кај читателите не настрада поради тоа.

Последните денови ги помина во болница поради дијагностицираната тромбоза.Официјалното соопштение за смртта гласеше,од последици на артериосклероза.

Томас Ман е роден на 6 јуни 1875 година во Либек како син на трговец.

Три години по смртта на таткото го напуштил училиштето и со мајката и браќата и сестрите се преселил во Минхен.

Експертот и биограф на Ман,Херман Курцке од Мајнц го оценува:

„Тој во извесна мерка бил птица испадната од гнездото,испаднат од гнездото на граѓанството,со преселбата ненадејно се нашол надвор од милјето на своето потекло,станал боем кој припаѓа секаде и никаде,што очигледно не можел добро да го поднесе.Имам впечаток дека цел живот се обидуваше да го достигне рангот на својот татко и да не биде обичен граѓанин.Татко му беше сенатор за финансии на Либек,еден вид благородник.“

Бил хомосексуалец,но без да ги изживее своите склоности.Томас Ман оствари брак со децениски стаж и имал неколку деца.

Неговиот најуспешен роман „Буденброкови,распадот на едно семејство“,беше објавен во 1901 година,кога Томас имаше само 26 години.Критиката го дочека со одушевување.Томас Ман самиот беше помалку разочаран кога во 1929 година ја доби Нобеловата награда за Буденброкови,ја очекуваше повеќе за романот „Волшебниот брег“.

Писателот по едно патување низ Европа во 1933 година,откако националсоцијалистите ја презедоа власта во Германија,не се врати во татковината,туку остана во Швајцарија.Во 1938 година емигрираше во САД,каде предаваше на Универзитетот во Принстон.

Самиот пак се декларираше како претставник на германската култура.Онаму каде што сум јас,таму е Германија,.Мојата германска култура ја носам во мене,изјави тој во Њујорк.

Поделена Германија не можеше да ја прифати.Во татковината првпат се врати во 1949 година,ги посетуваше потоа неколкупати и западниот и источниот дел,што му донесуваше критика од националниот табор.

Неговиот биограф Курцке за идеолошките убедувања на Ман вели:

„Тој не беше многу убеден демократ,може да се рече.Склоност во извесна мерка кон она што Хајнрих го формулира како диктатура на разумот,тоа го имаше во него.Значи,имаше во суштина тоталитарни склоности и извесна симпатија за комунизмот.“

Објавувањето на неговиот дневник го претстави како слаб и безвреден,повлечен во себе.Литературниот критичар Марсел Рајх Раницки напиша-неговата најсилна пасија беше љубовта кон самиот себеси.

Но,вредноста на неговите дела не губи ништо поради тоа.