1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Полн желудник или резервоар?

Полн резервоар или полн желудник. Под ова мото извесно време се одвива дебатата за конкуренцијата меѓу производството на храна и биоенергија. Дебата која доведе до таканаречена тортилја криза.

default

„Утка„ на политиката: био-жито за резервоарите, празен желудник на луѓето

Цената на брашното, основа за мексиканското национално јадење толку се зголеми, што Мексиканците излегоа на барикади. Но, дали е се’ во тоа што во Северна Америка се повеќе жито се претвора во етанол? И ако да, како да се доведат под еден покрив снабдувањето со храна и растечката глад во светот за енергија?

Политиката утврдува што ќе се произведува

Тоа го прави преку субвенции и во био-бензинот. Во Европа може да се произведува со повисоки цени. И покрај тоа, земјоделците што произведуваат био-продукти и производителите на биоенергија финансиски се поддржани. Тоа не е економски, вели Харалд фон Вицке експерт за аграр од берлинскиот Хумболтов универзитет:

„Ние имаме релативно малку површини, имаме високо квалификувани земјоделци и можеме да произведеме храна по релативно поволни цени. Тоа е нашата компаративна предност, а не производството на био-гориво. Постојат земји како Бразил што приоизведуваат биоенергија со помали трошоци од нас„.

Меѓутоа, не станува збор за пазарот, туку за обезбедување домашна енергија, а со тоа за политика. Водната и атомската енергија се уште се иднина, но нивниот развој одамна е скап, што има последици, вели Андреас Троге, претседател на службата за екологија:

„Се додека од автомобилската индустрија се тврди дека им е потребно биогориво зашто новата автомобилска техника е скапа, се дотогаш ќе биде тежок рационалниот однос кон биогоривата„.

На потег е и Европа

Меѓутоа, Европа не е конкурентна на тој план и тоа е само едната страна на медалот. Втората е дека Европјеците не преземаат ништо за помош на предностите што би можел да ги има остатокот од светот. Харалд фон Вицке:

„Ние во богатите држави со децении следевме аграрна политика што доведе до тоа цените на пазарот вештачки да се одржуваат на ниско ниво, што ја еродираше желбата на земјоделците во сиромашните земји повеќе да инвестираат во аграрот и да го зголемат производството„.

Во секој случај, експерите се единствени дека во совладувањето на идните проблеми не ќе може да се оди напред без светска поделба на работата. Зашто ако се сака во иднина да бидат полни како желудникот, така и резервоартите, тогаш на се помали површини ќе мора да се произведува многу повеќе. А, тоа не е можно без науката и техниката која пак, не може да дојде од земјите во развој.