1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Полицијата спречи блокада на берзата во Њујорк

При полициската акцијата за „отстранување“ на демонстрантите кои го блокираа пристапот кон Њујоршката берза, се повредени дестици лица, меѓу кои и седуммина полициајци.

default

Полицијата упорна, но и демонстрантите

По растурањето на нивниот протестен камп во Њујорк, членовите на движењето „Окупирај го Волстрит“ се собраа во близина на берзата во Њујорк со цел да го спречат нејзиното отворање. Силни полициски сили меѓутоа ги спречија во нивнаата намера и го обезбедија пристапот кон берзата.

Неколку десетици полицајци вчера ги блокираа приодните улици околу берзата во Њујорк со цел да ја оневозможат акцијата на активистите на движењето „Окупирај го Волстрит“ за спречување на берзанските службеници да дојдат до своите работни места.

Според последните информации притоа биле уапсени најмалку 245 лица. Најмалку 10 демонстранти и седдуммина полицајци биле повредени. Движењето „Окупирај го Волстрит“, кое беше формирано пред околу два месеци, ја критикува преголемата моќ на финансиските пазари и банките и социјалната неправда.

Вчера демонстрации од истото движење беа организирани и во повеќе други американски градови. Околу една илјада луѓе се собраа во Сент Луис, а по неколку стотици во Лос Ангелес и во Чикаго. Помали собири имаше и во Детроит, Мајами, Бостон и во други градови.

Автор:СН/ЖА/афп/ртр/мф/миа

Редактор: Ж. Ацеска