Полицијата се повлече од Таксим | Свет | DW | 01.06.2013
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Полицијата се повлече од Таксим

По жестоките судири со десетици илјади демонстранти, турската полиција се повлече од централниот плоштад Таксим во Истанбул. Агенцијата ДПА јави дека демонстрантите со извици на славје се втурнале на плоштадот.

Турскиот претседател Абдула Ѓул повика на смиреност и разум. Протестите достигнаа „загрижувачко ниво“, изјави денеска (01.06) Ѓул во Анкара. Тој ги повика сите страни да делуваат согласно „здравиот човечки разум“. Претседателот од полицијата побара да реагира „соодветно“ на протестите.

Инаку, полицијата и денеска против демонстрантите употреби солзавец и водени топови. Протестите првично почнаа во знак на незадоволство поради плановите за градба во паркот Гези во центарот на градот, но во меѓувреме се насочени и против турската влада. Бранот протести од Истанбул вчера се

прошири во повеќе градови ширум земјата. Организацијата за човекови права Амнести Интернешнл соопшти дека во судирите на демонстрантите и полицијата се повредени повеќе од 100 лица. Полицијата зборува за 63-ца уапсени.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган од демонстрантите денеска побара „веднаш да ги прекинат протестите“ и потврди дека спорниот градежен проект во близина на плоштадот Таксим ќе биде реализиран.