1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Полицијата се обидува да се доближи до граѓаните

Додека во македонското собрание се прекројуваат законите, полицијата на улица се обидува да му застане на патот на криминалот.

Во собранието се дебатира за законот за полиција

Во собранието се дебатира за законот за полиција

Во македонскиот парламент денеска на пленарна седница се расправа за законот за полиција. Опозицијата најавува повлекување на поддршката за законот поради тоа што во собранието како што тврди е предложен текст со амандмани, сосема спротивен од текстот за кој таа дала поддршка за време на лидерската средба кај премиерот Никола Груевски. И додека политичарите го кројат и прекројуваат новиот закон за полиција, додека на него партиите, владата и опозицијата се обидуваат да добијат поени, во реалноста, во секојдневието истата таа полиција се обидува да му застане на патот на криминалот и да се доближи до граѓаните.