1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Полицијата подготвена за превенција на изборни инциденти

Македонското МВР изготви оперативен план, што предвидува брзо дејствување во спречувањето какви било инциденти на престојните избори. Полицијата е комплетно мобилизирана за обезбедување мирно и демократско гласање.

default

Ако се изземат неколкуте спорадични инциденти на почетокот на изборните активности, досегашната кампања е мирна и не навестува лош ден на изборите в недела. Но, засилената дипломатска активност на претставниците на меѓународната заедница, укажува на тоа дека нивото на претпазливост е големо. Во таа насока МВР подготви оперативен план наречен „Избори 2009“, што беше презентиран пред меѓународните претставници.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, на денешната (19.03.09) прес-конференција упати апел и порака до граѓаните в недела да покажат дека Македонија заслужува да биде дел од европското семејство, дел од ЕУ и од НАТО. Таа изрази задоволство од фактот што досега ниту домашните, ниту меѓународните набљудувачи во своите извештаи, како што рече, немаа поголеми забелешки за предизборниот период.

Mazedonien Wahlen 1

Да не се повторат инцидентите од претходните изборни циклуси

„Ќе сториме се’ што е во рамките на законот и во ингеренции на полицијата граѓаните да можат мирно и без притисоци да гласаат согласно сопственото убедување. МВР нема да толерира никој што ќе се обиде да го узурпира ова граѓанско право, без разлика дали се работи за припадник или симпатизер на некоја политичка партија или обичен криминалец“, нагласи Јанкулоска. Од МВР најавуваат дека нема да се толерираат ниту полициските или други службени лица кои евентуално би постапувале спротивно на наредбите и овластувањата од раководството на МВР. Такви случаи имаше на минатите избори, и тие не придонесоа за добра репутација на министерството.

Најголема одговорност имаат партиите

Mazedonien Wahlen 3

Мирен и демократски чин на гласање- императив за МВР

Јанкулоска потенцира дека е извршена обука на целокупниот униформиран состав што ќе учествува во обезбедувањето избори, како и на вештите лица од кримтехника, кои би требало да ги обезбедат неопходните докази доколку дојде до несакани инциденти. Поделени се и 8.500 летоци со насоки за постапување на полицијата и е назначен полициски советник за директен контакт со ДИК.

Со распоредување на полициските службеници ќе почне обезбедувањето на самиот гласачки процес. За сите проблеми со кои би се соочиле граѓаните постојано ќе им стои на располагање и дежурниот центар за состојби и повикувачкиот број 192.

Министерката Јанкулоска најави дека засилено полициско присуство е предвидено за сите места каде во минатото се покажа дека постоеја и се можни инциденти. Во состојба на готовност ќе бидат и припадниците на специјалните единици.

Таа најави дека евентуалните инциденти и осомничените кои ќе бидат приведени на лице место ќе бидат истражувани и санкционирани по итна постапка. Јанкулоска ги потсети политичките партии дека кај нив е најголемата одговорност за одржување мирни и демократски избори.