1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Полицијата можела да го спречи Брејвик

Норвешката полиција недоволно се ангажирала за да го спречи крвавиот масакр на Андерс Брејвик, се наведува во извештај на независна комисија во Осло.

Бомбашкиот напад во главниот град на Норвешка на 22. јули 2011. година можел да биде избегнат, а Андерс Брејвик да биде уапсен многу порано, се наведува во извештајот на независната комисија формирана за да изврши анализа на крвавите напади.

Нападот во министерскиот кварт во Осло можел да биде спречен при ефикасно спроведување на постојните мерки за безбедност, а извршителот да биде запрен порано, заклучува комисијата во својот извештај,претставен пред норвешкиот премиер Јенс Столтенберг.

Извештајот наведува неколку значајни слабости, изјави претседателката на 10-члената комисија Александра Бек Јорв, откако ги врачи заклучоците на премиерот.

Таа најави дека Комисијата ќе претстави 31 детална препорака и други заклучоци.

33-годишниот Брејвик на 22. јули 2011. година во два одвоени терористички напади уби 77 луѓе, главно млади. Поради недоволното обезбедување, тој најпрво успеа во близина на седиштето на норвешката влада да паркира комбе и да активира бомба од чија експлозија загинаа осум лица.

Потоа, преоблечен во полицаец, Брејвик се упати кон островот Утоја каде уби 69 млади учесници на летниот камп на младите лабуристи.