1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Полицијата го истражува пронајдениот „експлозивен материјал“ од Бон

По алармот за поставена бомба во центарот на Бон, германската полиција трага по двајца салафисти, јавуваат некои медиумите. Полицијата засега не ја потврдува оваа информација.

По алармот за поставена бомба на главната железничка станица во Бон, полицијата и натаму го истражува деактивираниот материјал.

Дел од германските медиуми во меѓувреме пишуваат дека инцидентот се припишува на сметка на исламистите. Според информации на весникот „Билд“, постои сомневање дека двајца исламисти вчера ја депонирале чантата со експлозивен материјал на главната железничка станица во Бон. Двајца ученици ги идентификувале исламисисте на фотографии. Тие на полицијата и‘ биле познати како терористичка опасност. Полицијата сега трага по сомнителните лица во цела Германија.

Одговорното државно обвинителство во Бон и полицијата засега не се произнесоа во однос на овие информации. На прашање во однос на пишувањето на весникот„Билд“ портпарол на келнската полиција изјави: „Оваа информација дефинитивно не е од нас“.

.

Сомнителната чанта на железничката во Бон

Според весникот „Билд“, во текот на денот исто така треба да биде донесена одлука дали државното обвинителство на Германија и Сојузната служба за борба против криминалот ќе го преземат случајот. Портпарол на државното обвинителство за агенцијата ДАПД изјави дека оваа институција постојано разменуува информации со покраинските власти, без да наведе повеќе детали.

Полицијата досега само потврди дека во сина чанта на железничката станица биле пронајдени повеќе метални садови наполнети со прашкаста материја, која би можела да предизвика експлозија. Засега се’ уште не е утврдено дали оваа конструкцијата можеше да експлодира. Детонатор не е пронајден. Портпарол на полицијата во Келн соопшти дека се вршат натамошни испитувања на пронајдениот материјал.

Сомнителната чанта оставена на станицата вчера попладне ја алармираше полицијата и масовно го попречи железничкиот сообраќај.