1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Полицијата ги спречи демонстрациите во Алжир

Во главниот град на Алжир дојде до судир меѓу полицијата и демонстрантите за време на забранетите протести против владата. Полицијата употребила гумени палки против учесниците на протестот, кои претходно урнале барикада.

default

Протести во Алжир

Силите за безбедност на Алжир, во главниот град денеска применија сила за да спречат демонстрации на противниците на режимот. На местото на најавените протести, кои не беа одобрени, полицајците со гумени палки удирале по демонстрантите. Според очевидци, уапсени се голем број луѓе, меѓу нив и водачи на опозицијата. Поголеми групи биле попречени да стигнат до местото на закажаните протести. Државното раководство на Алжир нареди уште од утрово да се опколи главниот град. Ангажирани се повеќе од 30.000 полицајци. Манфестацијата против високите животни трошоци и невработеноста ја организираа сојузот на опозициони партии, независните синдикати и граѓани.

Според весникот „Ел Ватан“ во прекин е железничкиот сообраќај и се поставени улични барикади, а во многу населби на Алжир полицијата е присутна со теренски возила и камиони. Потикнати од протестите во Тунис и Египет, порасна и незадоволството на Алжирците против режимот на претседателот Абделазиз Бутефлика.

Вчера полицијата употреби сила и против спонтаната прослава по оставката на египетскиот претседател. Повеќе лица се повредени.

Автор: АТ/ ЖА/ дпа/ дв

Редактор: Жана Ацеска