1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Полицијата ги идентификува расистите кои го навредувале Боатенг

Новиот италијански скандал предизвикан од расистички навреди на сметка на Кевин-Принс Боатенг ќе добие најверојатно судска завршница. Полицијата води истрага за случајот.

Истрагата се води против фанови на фудбалскиот клуб од четвртата италијанска лига Про Патриа, кои вчера (03.01) на тест-натпреварот на клубот против АЦ Милан го навредувале Боатенг и други играчи со темна боја на кожата.

Според наводи на италијанските медиуми, полицијата прегледува видео снимки од натпреварот за да ги идентификува виновниците. Веќе се сослушани повеќе лица.

Лега Про, каде се здружени клубовите од третата и четвртата лига во Италија, најави цивилна тужба. „Не можеме да толерираме вакви напади кои ја уништуваат фудбалската радост“, изјави претседателот на Лега Про, Марко Макали.

Пред и за време на тест-натпреварот фановите на Про Патриа ги навредуваа играчите на Милан со темна боја на кожата, по што, во 26-тата минута од натпреварот, Боатенг ја прекина играта, ја шутна топката во насока на гледачите и го напушти теренот. Неговите колеги од тимот го следеа, по што натпреварот беше прекинат.

Претседателот на италијанскиот фудбалски сојуз Џанкарло Абете изјави дека вакви инциденти не може да се толерираат. Тренерот на Милан Масимилијано Алегри рече дека неговите играчи реагирале на вистински начин и дека Италија мора да стане поцивилизирана и поинтелигентна, а ваквите работи треба да запрат.