1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Полициски час во Бангкок

По операцијата на тајландската војска против демонстрантите забарикадирани во центарот на Бангкок, властите прогласија полициски час за целата ноќ - од 20 часот по локално време, па се’ до изутрина во 6 часот.

default

Воени сцени во центарот на Бангкок

По повеќечасовната операција на тајландската војска, во која учествуваа и тенкови, како и тешко вооружени војници, водачите на „црвените кошули“ прогласија крај на протестните собири. Тие им се предадоа на силите за безбедност и ги повикаа симпатизерите да прекинат со протестите за да се спречи натамошно крвопролевање. Меѓу лидерите кои се предадоа, меѓутоа, го нема Арисман Понгрангруонг, кој се смета за хардлајнер.

Пожари во Бангкок

Очигледно и голем број од демонстрантите не се подготвени да

Unruhe und Gewalt in Thailand

Повредени има и меѓу војниците

се откажат од натамошните протести. Милитантни противници на актуелната влада, придружувани од таинствени милиционери облечени во црно, подметнаа пожари во повеќе објекти во центарот на Бангкок. Меѓу нив се најде и една телевизиска станица, во која во моментот се наоѓале повеќе од 100 лица. Армијата испрати хеликоптери за да ги спаси од огнената стихија. Пожар беше подметнат и во луксузниот трговски центар „Централ ворлд“, кој се наоѓа веднаш до доскорешната трибина на „црвените кошули“ во центарот на градот. Во пламен се најдоа и повеќе други трговски центри, луксузни хотели, како и берзата во Бангкок.

„Се’ е под контрола“

Наспроти тоа, владини извори тврдат дека ситуацијата во центарот на градот е ставена под контрола. Портпаролот на владата Панитан Ватанајагорн, во интервју за државната телевизија, изјави дека операцијата минала успешно: „Силите за безбедност успешно зазедоа повеќе подрачја во центарот на Бангкок, пред се’ Лумпини-паркот, кој сега се наоѓа под контрола на безбедносните сили.“

Thailändische Soldaten in Bangkok FLASH

Војници при завземањето на Лумпини паркот

Властите го блокираа целиот централен регион и го прогласија за зона забранета за движење. Тие ги повикаа граѓаните да се држат подалеку од него. Владата воведе и цензура на информирањето на медиумите во земјата. Тие се обврзани да емитуваат само информации што ги одобрила власта.

Прелевање на насилството

Но, сите мерки на владата, пред и по големата операција на армијата, во која имаше повеќечасовни престрелки со милитантни противници на актуелната влада, се чини не вродија со посакуваниот плод. Собирите и насилството само се проширија на повеќе делови на градот. Портпаролот на владата Панитан за ескалацијата на насилството ги обвини милитантите групи, кои се вмешале меѓу мирните демонстранти.

Во меѓувреме, безбедносните сили веќе уапсиле неколкумина од радикалните демонстранти облечени во црно, од кои дел биле и вооружени со тешко оружје. „Силите за безбедност имаат јасна наредба за употребата на оружје. Тие прават се’ што е во нивна моќ за да не ја загрозат јавноста. Припадниците на безбедносните сили се обидуваат да ги онеспособат радикалните елементи. Веќе уапсивме повеќе такви лица.“

Протестите и насилството, во меѓувреме, се проширија и надвор од главниот град. Така, во Удон, на северот на Тајланд, било запалено еден административен објект.

Автор: Бернд Муш-Боровска/ Горан Чутаноски

Редактор: Александра Трајковска