1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Полициски час во Бангкок

Владата на Тајланд ќе воведе полициски час во делови на главниот град Бангкок од денеска вечер. Мерката следува по тридневните улични судири меѓу демонстрантите и силите за безбедност, во кои загинаа најмалку 24 лица.

default

„Полицискиот час ќе биде воведен во областите кои водат кон главното подрачје на протести и ќе трае од вечерта во 11 часот до утрината до 5 часот“, изјави за агенцијата Ројтерс извор во владата близок до тајландскиот премиер.

Полицискиот час треба да им овозможи на властите да ги спречат цивилите да влезат во подрачјето кое го запоседнаа „црвените кошули“ и каде од четвртокот до вчера се водеше вистинска улична војна во која загинаа најмалку 24 луѓе, а стотици беа повредени. Непочитувањето на полицискиот час може да биде казнето со максимална казна од две години затвор.

Еден од лидерите на „црвените кошули“ Џатупорн Промпан изјави дека кралот на Тајланд е последната надеж на демонстрантите против Владата за изнаоѓање излез од кризата. Кралот Пумипон Адулјадет (82) нема уставни овластувања, но има големо морално влијание врз општеството. Во 1992 година кралот, кој е на власт од 1946 година, придонесе за решавање на конфликтот меѓу властите и демонстрантите. Од септември минатата година кралот е на лекување и немал изјави.

Автор: СН/АТ/ртре

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM