1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Полициски контроли поради боја на кожата

Вишиот управен суд во Кобленц и забрани на полицијата во иднина да ги контролира граѓаните поради бојата на кожата. Со тоа е завршен двегодишниот спор меѓу Сојузната полиција и еден студент од Касел

Пред две години, студент со црна боја на кожата и со германски пасош, во возот меѓу Касел и Франкфурт беше легитимиран од двајца полицајци. Студентот се побуни, сметаше дека се работи за дискриминација и одби да ги даде документите на увид. Рече дека се работи за „нацистички методи“ поради што еден полицаец го обвини за клевета.

Во текот на судскиот процес, кој мина низ различни инстанци, еден од полицајците отворено рече дека сакал да го провери студентот поради бојата на неговата кожа, додавајќи притоа дека се работи за нормална пракса. Студентот тогаш поднесе тужба против германската сојузна полиција.

Административниот суд во Кобленц во март 2012. година одлучи дека полициската контрола била легитимна. За да ги спречи илегалните влегувања во земјата, полицијата има право да ги проверува граѓаните поради нивниот надворешен изглед. Највисокиот управен суд во Германија веднаш ја поништи таа одлука и пресуди дека студентот е во право.

Бојата на кожата- одлучувачки фактор

Бојата на кожата не треба да да биде одлучувачки фактор за проверка на лични документи, рече судијата на Управниот суд во Кобленц. Таквата проверка претставува јасно кршење на забраната за дискриминација, регулирана со германскиот Основен закон.

Пресудата предизвика контроверзни реакции во германската полиција:

„Судовите носат убави, естетски пресуди, но не се фокусираат на праксата“, вели Рајнер Вент, претседателот на сојузниот Синдикат на германската полиција.

Но и во самиот синдикат имаат различни мислења. Јозеф Шојринг за ДВ вели дека забелешките на Вент се иритирачки.

„Таквиот став не го претставува мнозинството во полицијата и создава

Josef Scheuring

Јозеф Шојринг

неправедна слика за германската полиција“, вели Шојринг од истиот Синдикат.

Во Германија ваквите видови контроли не се ништо ново. Дури и граѓаните со темна боја на кожата кои течно говорат германски автоматски се сметаат за странци. Се уште доминира преубедувањето дека само белците се вистински Германци.

„Луѓето со црна боја на кожата се маргинализираат и не се сметаат за полноправни членови на германското општество“, вели Тахир Делта, црнец кој е роден во Минхен.

Токму затоа пресудата на судот од Кобленц претставува голем чекор во вистинска насока.