1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Полицискиот синдикат уверен дека полицијата е на висина на задачата

Македонскиот полициски синдикат апелираше да се остави простор полицијата да го одработи своето во истрагата на петкратното убиство кај Скопје и неосновано да не се подгреваат тензии.

Македонскиот полициски синдикат нема да отстапи од расчистување на петкратното ибиство кај Смиљковското езеро, соопшти денеска синдикатот. „Подготвени сме да ги вложиме сите сили и знаење за да ги пронајдеме виновниците и да ги изведеме пред лицето на правдата. Република Македонија има институции и капацитет да се справи со предизвикот“, велат од полицискиот синдикат, кој изразува и сочуствуво до семејствата на петтемина убиени.

Македонскиот полициски синдикат апелираше да се остави простор полицијата да го одработи своето, без изнесување на непотребни шпекулации и претпоставки кои би можеле да влијаат на текот на истрагата.

„Во вакви моменти треба сите да бидеме сплотени, да веруваме во институциите, без да шириме сомнеж и омраза, поткопувајќи го нивниот капацитет. Не смее да се доведеме во ситуација заради ситни политички интереси или туѓи агенди, да ја злоупотребуваме состојбата и неосновано да подгреваме тензии“, стои во соопштението во кое синдикатот на полициата им упатува и благодарност на медиумите за поддршката која ја добива полицијата.

Во синдикатот се уверени дека полицијата и овојпат ќе биде на висина на задачата и нема да ги изневери очекувањата и на јавноста и на медиумите.