1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Полициска станица нападната со молотови коктели

Во нападот со молотови коктели врз полициска станица во Атина, за кој се верува дека го извршиле припадници на анархистичките групи, нема повредени. Опожарени се два моторцикли.

Група од околу 20 лица нападнаа синоќа (09.03) полициска станица во центарот на Атина, фрлајќи молотови коктели, при шти опожарија два моторцикли пред да избегаат.

Според полицијата, врз станицата биле фрлени вкупно десет молотови коктели. Еден од опожарените моторцикли и‘ припаѓал на полицијата, а другиот на цивилно лице. Полицијата не соопшти за ранети или уапсени лица. Полициските станици често стануваат цел на анархистичките групи во Грција, кои нападите најчесто ги извршуваат со молотови коктели и многу ретко користат и огнено оружје.

Сличен напад маскирани лица извршија и на 21 февруари врз полициската станица во атинскиот кварт Ексархија, кој се смета за собиралиште на анархистите. Напаѓачите биле околу петнаесетина и откако ги фрлиле молотовите коктели избегале.Експлозијата тогаш предизвика незначителни материјални штети врз влезот на полициската управа.

Инаку, милитантни грчки анархисти ја презедоа одговорноста и за бомбата, која во јануари годинава експлодира во трговски центар во близина на Атина (на сликата горе) и полесно рани двајца чувари. Две дотогаш непознати анархистички организации, наведоа дека трговскиот центар бил цел, бидејќи претставува „гробишта на човечките и вистинските вредности“.