1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Полицајка уби припадник на ИСАФ-трупите

Авганистанска полицајка уби член на американските воени сили во земјата, кој работел во канцеларијата на шефот на полицијата во Кабул. Полицаец, пак, уби петмина свои колеги - полицајци Авганистанци.

Во авганистанскиот главен град авганистанска полицајка денеска (24.12.2012) уби член на американските воени сили во земјата, припадник на ИСАФ, кој работел во канцеларијата на шефот на полицијата во Кабул. Убиството на американскиот полициски советник го потврдија и од НАТО силите во Авганистан. Полицајката била уапсена.

Авганистански полицаец денеска, пак, уби пет свои колеги во последниот од серијата напади врз припадници врз авганистанските безбедносни сили или врз припадници на меѓународните сили.

Командирот Дур Мохамед на полициската станица во северната покраина Јовзјан, на границата со Туркменистан уби петмина колеги и се претпоставува дека им се придружил на талибанците.

Убиецот и неговите жртви биле припадници на Авганистанската локална полиција, дел од локалната полиција, која со поддршка на САД има задача да ги чува авганистанските села од напади од талибанските бунтовници.

Од пред извесно време ИСАФ се‘ почесто е погоден од т.н. напади од внатре. На ваков начин во текот на оваа година настрадаа 60 НАТО-војници. Често зад нападите се кријат радикално-исламистичките талибанци, кои се инфилтрираат во безбедносните сили. Целта им е да ја минираат довербата на сојузниците во авганистанските партнери.