1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Политичко шоу наместо конкретни мерки

Подоброто образование за децата и младите во Германија, е исто толку важно како и итниот план за спас на банките. Меѓутоа првиот самит за образованието во Германија, кој се одржа во Дрезден тоа не го постигна.

default

Канцеларката Меркел и ученици пред Самитот во Дрезден

Политичарите кои се собраа на првиот самит за образование во Дрезден, не презентираа соодветен одговор. Образованието, омилената тема на политичарите за време на тематските собири, повторно беше деградирана за самополитичко профилирање. Како резултат од тоа произлезе декларација, во која се нагласува дека образованието во Германија треба да биде највисок приоритет. Зарем досега тоа не беше случај?

За образованието нема доволно пари !?

Сојузот и Покраините, на самитот во Дрезден се согласија дека до 2015 година, расходите за образованието во бруто општествениот доход ќе се зголемат на 10%. Тоа звучи добро, но не беше јасно договорено како ќе се постигне оваа цел. Навистина е зачудувачки, како за кратко време се обезбеди финансиски пакет вреден милијарди за финансиската бранша, а истовремено да не се постигне согласност за финансирање на најважниот дел во Германија, образованието.

BdT Bundeskanzlerin Merkel Ministerpräsidenten und Bundesminister stellen sich vor dem Qualifizierungsgipfel in Dresden zu einem Gruppenbild auf

Учесниците на Самитот

Она што беше понудено на самитот, исто така е чиста симболична политика. Изјавата дека „ние ќе се грижиме за тоа" звучи добро во период пред наредната година, кога треба да се одржат локални и парламентарни избори. Ќе биде формирана работна група која ќе се грижи за тоа, како да се финансираат овие амбициозни цели. Резултатите ќе бидат претставени дури по парламентарните избори во 2009. Одложување наместо дејствување, тоа е мотото.

Главните проблеми на Германскиот образовен систем, повторно не беа расправани. Вистинска катастрофа е тоа што во една богата земја како Германија, паричникот на родителите треба да одлучува за образованието на нивните деца. Барањето на сојузниот Канцелар, Вили Брант, од 70-те години за „Образование за секого„ не е исполнето: Сеуште е честа пракса, синовите на менаџерите да учат во Гимназија, а оние на работниците во училишта од втор ранг, каде се подготвуваат за идни работници во стопанството или занаетчии. Исто така децата од семејствата на мигрантите многу малку се поддржуваат и често не се препознава нивниот потенцијал.

Образовен систем од единствен вид

Издатоците за образование во Германија, споредено со другите индустриски земји се помали. Пред се во примарниот дел, но исто така и во основното образование, инвестирањето по дете е помало од каде било. Германија е единствената земја во светот, која си дозволува од младите родители да побарува неколку стотина евра месечно за место во детските градинки.

Deutschland Bildung Schule Schüler Unterricht

Исто така, во ниту една друга држава системот на селекција на степенот и видот на образованието, не се одвива како во Германија. По четвртата година во основното образование, се одлучува каде децата ќе продолжат да се дообразуваат, во гимназија, или во останатите установи. Речиси сите експерти тврдат дека долгорочното заедничко учење, во позитивна атмоисфера, без притисок и обврска за успех, е најдоброто решение.

Сепак за содржината на стратегијата на образованието, во Дрезден не се зборуваше. Канцеларката Ангела Меркел, закључоците на самитот ги оцени како важен чекор во насока кон „Образовна Германија". Меѓутоа насловот во еден весник „Образовна илузија Германија„ е посоодветен.



DW.COM