1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Политичко значење на пресудата на Хаг

Хашкиот трибунал во случајот со поранешните хрватски генерали пресуди врз основа на правните критериуми. Сепак пресудата има и политичко влијание...

Золвиг Рихтер, научната соработничка на германската фондација „Наука и политика“, за ДВ го коментира решението на Меѓународниот Суд за воени злосторства во поранешпна Југославија за ослободувањето на хрватските генерали Анте Готовина и Младен Маркач.

ДВ: Поранешните генерали Готовина и Маркач се ослободени од обвинението. Како ја оценувате пресудата на Хашкиот суд?


Золвиг Рихтер: „Јас не сум правничка и не можам да ја оценам пресудата од правна страна. Меѓутоа, апелацискиот суд дојде до сосема различна пресуда од првичната судска инстанца. Двете пресуди се базираат на различни интерпретации на конкретни воени чекори, вклучувајќи и артилериски судири. Интересно е и тоа дека судот не беше едногласен во изрекувањето на пресудата, тенко мнозинство на тројца од петмината судии ја донесе оваа пресуда. Но, и едната и другата пресуда, значи онаа од мај 2011. година и сегашнава се пресуди според принципот ’се’ или ништо’, кои делумно можат да се објаснат со различните оценки на правните финеси. Сепак, тие имаат огромно политичко значење. И поради тоа сегашнава одлука има многу големо историско, но и политичко значење за целокупниот процес во регионот и за помирувањето.“

Deutschland SWP Stiftung Wissenschaft und Politik Dr. Solveig Richter

Золвиг Рихтер, научната соработничка на германската фондација „Наука и политика“



Што значи оваа пресуда за веродостојноста на судот во ОН?

„Во позитивен смисол, таа покажува дека судиите не носат политичка одлука и оти не се поттикнати од политичките мотиви, како што често префрлуваше хрватската јавност. Судот пресуди врз основа на правни одлуки. Тој не ги осуди генералите од политички мотиви. Сепак, се поставува прашањето на политичката улога на судот, особено во времето на главната обвинителка Карла дел Понте. Гонењето на Готовина имаше огромно политичко значење во 2005.година. Сега би требало тоа значење да се доведе во прашање.“

Како ќе се одрази пресудата во процесот на помирување помеѓу Хрватите и Србите од Хрватска, и што значи тоа за односите меѓу Србија и Хрватска, односно односите во регионот?

Проблемот кој тука го гледам е дека сите страни, како Хрватите така и поранешната главна обвинителка Карла дел Понте го поставувале основното прашање за улогата на Хрватите во граѓанската војна. Меѓутоа, Хашкиот суд е кривичен суд, пресудите не можат да се донесат без докази. Судот не е комисија на историчари. Сепак, политичкото значење на оваа постапка ги преоѓа правните димензии. Се плашам дека поради тоа би можеле да се почувствуваат охрабрени групите кои имаат недиференциран став кон минатото- како во Хрватска, така и во Србија.“