1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Политички натегања на Блискиот Исток

Претседателот на Палестинците Махмуд Абас во Њујорк изјави дека Израел треба да се реши меѓу мир и продолжување на доселувањето, пред денешното истекување на десетмесечниот мораториум за градба на еврејски населби.

default

Спорни населби

Според шефот на израелската организација за човекови права „Пис нао“, Јарив Опенхајмер, градењето на населбите на Западниот Брег може да продолжи во голем обем:

„Нашите истражувања покажуваат дека се работи за 2500 станбени единици кои треба да бидат започнати следните денови и потенцијалнио уште 11 илјади станови по донесувањето дополнителна одлука. За овие проекти се веќе издадени речиси сите дозволи.“

Israelische Siedlung Maale Adumim im Westjordanland

Голем публицитет на барањето на Обама

Во израелските медиуми голем публицитет предизвика говорот на американскиот претседател Барак Обама пред Генералното собрание на ОН: тој побара од Израел да го продолжи мораториумот за градење нови еврејски населби на Западниот Брег и продолжување на мировните преговори со Палестинците. Израелскиот министер за социјала Ицак Херцог го поздрави апелот на Обама:

„Израел мора со правилна, храбра и издржана формулација да пронајде пат за излегување во пресрет на барањето на американскиот претседател.“

Според весникот „Једиот Ахронот“, како компромисни предлози се разгледуваат меѓу другото решенија според кои Израел официјално нема да објави ниту продолжување на градењето населби ниту продолжување на мораториумот. Истовремено двете страни би преговарале околу предлогот за неизлегување со јавни изјави и дозволување ограничена градежна активност во најголемиот еврејски доселенички блок.

Автор: Клеменс Ференкоте/ Жана Ацеска

Редактор: Борис Георгиевски