1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Политички молк по преговорите за името во Њујорк

Во Македонија со голема неизвесност се чека 6 март кога министрите за надворешни работи на НАТО треба да решаваат за поканата за прием на Македонија. Дел од експертите во земјата сметаат дека грчкото вето е се‘ поизвесно

default

Логото на НАТО

Најчести квалификативи за последните преговори во Њујорк за името се - фијаско, дебакл, ќорсокак. Во Скопје засега молк, но нема чувство дека е се‘ изгубено или дека нема надеж. Лидерот на Демократскиот сојуз и пратеник, Павле Трајанов, изјави:

“Стратешки и долгорочен интерес е Република Македонија да биде стабилна држава, да биде членка на НАТО, да биде членка на ЕУ. Поконкретно, дестабилизацијата на Македонија, на Балканот, на еден или друг начин силно ќе влијае врз дестабилизација на Грција“, вели Трајанов. Тој беше министер за внатрешни работи во времето на премиерскиот мандат на Љубчо Георгиевски, кога Грците влегоа во освојување на македонскиот пазар, со купувањето на ОКТА и Стопанска банка.

Експертите не подгреваат тензии, но ги поддржуваат политичарите

Во НАТО со уставно име и сочуван национален идентитет. Универзитетскиот професор, Билјана Ванковска, со став: „Нимиц си зема мандат како посредник во спорот меѓу две страни, да им наметне волја на трети држави.“

Васко Наумовски, универзитетски професор, пак, констатира: „Доколку не добиеме покана за членство во НАТО, тоа ќе биде поради ветото од страна на Грција. Истото вето, односно пречката за членство во НАТО, ќе важи и за членството во ЕУ. “

Мал дел на експертите, пак, е со став дека Македонија треба да го информира генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун дека во вакви услови не е можен компромис за името и дека ги прекинува преговорите под медијаторство на ОН и Метју Нимиц.