1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Политички мандат, место кризен туризам

Коментар на Сибиле Голте

Германскиот министер Јошка Фишер ја заврши посетата на кризните подрачја во Јужна Азија. Како тој, така и повеќе политичари, се најде во регионот на природната несреќа, што предизвикува критики од хуманитарните организации кои велат дека овие посети ја спречуваат нивната работа. Но, дали ваквите посети на политичарите вистина се одминливи?

Шефот на помошта на Обедиентите нации за Тајланд Јан Еил Мосанд категорично бара: ниту еден политичар во кризните региони. Причина за неговиот став, да спомнеме само еден: американскиот министер за надворешни работи Колин Пауел за време на посетата на Банда Аче со неговата придружба со часови го блокираше ионака пребукираниот аеродром. Слични слуачи имаше и во другите подрачја зафатени од поплавата.

Вакво нешто не смее да се случува зашто тоа е прашање на организација. Па сепак, барањето да не доаѓаат политичари во основа е погрешно. Тоа го покажува и посетата на германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер. Неговата посета на разурнатите региони во Пукет и Као Лак беше референца и кон германските жртви и нивните блиски. Во Џакрата и Шри Ланка, тој покрај солидарноста со жртвите ги подготви и политичките рамки за натамошната помош. Освен готовноста за помош и донации и тоа е итно неопходно. Хуманитарната помош не се одвива во простори без политика. Како во Индонезија, така и во Шри Ланка, поплавата ги зафати регионите во кои владеат граѓански војни. Ако треба да се подготви концепт за долгорочна обнова, тогаш мора со сигурност да се знае дека и околината е како што треба. Конкретно тоа значи: паралелно со обновата, мораат да се најдат и политички решенија за регионалните конфликти. Во моментот кога соработниците на меѓународните хуманитарни организации ќе ги слушнат првите куршуми, ќе стане јасно дека долгорочна помош во таква клима не е можна. Тоа го покажуваат искуствата и од други региони: во Руанда соработниците на меѓународните хуманитарни организации пред околу десет години беспомошно гледаа како пред нивните очи гинат илјадници бегалци во конфликтот меѓу Хуту и Тутси. Хуманитарните организации немаат политички мандат како министрите за надворешни работи. Фишер дејствуваше токму во таа смисла кога при посетата, диломатски, но јасно соопшти дека паралално со акциите за помош мора да се најде и политичко решение за кризниот регион Аче. Тоа важи и за Шри Ланка.

Во Индонезија, Фишер му обезбеди поддршка на претседателот Јудхојоно на војниците во Аче да им ја одземе самостојноста на дејствување, за приматот повторно да го добие политиката. Токму во најпогодените региони во Аче и во Шри Ланка не смее да се случи граѓанските војни да ја спречат или да ја оневозможат помошта. Конфликтите можат само политички да се решат, и затоа е потребна иницијатива во присуство на политичарите. Јошка Фишер во разговорите во Шри Ланка и во Индонезија и во тој поглед искажа солидарност со жртвите од поплавата. Тоа беше важно.

Сибиле Голте