1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Политички консултации за европската иднина на Македонија

Македонскиот премиер и членови на неговиот кабинет денеска во Скопје оддржаа средба со амбасадорите на актуелниот и наредниот претседавач со ЕУ. Нивната порака: да продолжат реформите и дијалогот.

default

ЕУ и Македонија

Македонскиот премиер Никола Груевски и членовите на неговиот кабинет денеска во Скопје оддржаа политички консултации со амбасадорите на Словенија и Франција во Македонија. На состанокот присуствуваше и европретставникот Ерван Фуере.

Пораката од словенечкото претседателство со ЕУ е Македонија да продолжи со политичкиот дијалог и реформите. Вие сте на добар пат и посакуваме 2008 да биде година на успех, рече по состанокот словенечкиот амбасадор во Македонија Ален Бергант. Франција ќе обзебди продуктивно претседателствување со ЕУ во втората половина од годината за Македонија, објасни францускиот амбасадор Бернард Валеро и додаде дека 2008 е значајна година.

Од македонска страна, министерот за надворешни работи на Македонија Антонио Милошоски изрази надеж дека Словенија и Франција како претседавачи со ЕУ во 2008 година ќе го означат историскиот чекор за евроатланските интеграции на Македонија.

Денешната средба во Скопје, беше повод македонскиот премиер Груевски да информира за своите средби минатата недела во Брисел, со претставниците на ЕУ, шеф диполоматот Хавиер Солана и еврокомесарот за порширување Оли Рен.

Средбата беше организирана од страна на амбасадата на Словенија во Скопје.