Лидерите на власта и опозицијата во Македонија бараат решенија за излез од ситуацијата, по инцидентите во и пред македонското Собрание.
Парламентот денеска не заседаваше
По вчерашните инциденти, Парламентот денеска не заседаваше, а во кабинетот на спикерот на Собранието Љубиша Георгиевски на политички консултации се состанаа премиерот Никола Груевски и некои од лидерите од парламентарните партии во Македонија.