1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

„Политичките пресметки продолжуваат“

Македонската опозиција предупреди дека ќе ги преземе сите расположиви демократски средства на отпор ако не престанат политичките пресметки од страна на власта и злоупотреба на институциите за политичка елиминација.

default

Седиштето на СДСМ во Скопје

Лидерите на политичките партии од oпозицискиот фронт во Македонија денеска одржаа средба во седиштето на СДСМ во Скопје свикана на иницијатива на свикана на лидерот на ПЕИ и пратеник Фијат Цановски.

Во заедничкото соопштение по средбата опозицијата побара премиерот и владата веднаш да престанат со ваквата пракса, во спротивно ќе биле принудени да ги употребат сите расположиви средства за политичка битка и демонстрирање на граѓански отпор за што целата одговорност ќе ја носело владејачкото мнозинство.

Елиминација на неистомислениците

Опозицискиот фронт реагира дека по изборите на шести јуни, старо-новата влада на премиерот Никола Груевски ја продолжила политиката на политичка пресметка и елиминација на неистомислениците, со што се правела ненадоместлива штета врз демократските процеси во земјата.

Апсењето на Љубе Бошковски, затворањето на телевизијата А1 и весниците од „Перо Наков“, политичката злоупотреба на лустрацијата, уривањето на објектот Космос на пратеникот Фијат Цановски според опозицијата се само дел од крупните настани на политичка пресметка со критичари на режимот. Опозицијата смета дека со политиката на поделби, сеење страв и омраза, премиерот Груевски го продлабочил постоечкиот општествен јаз во земјата.

Автор: Костадин Делимитов

Редактор: Трајче Тосев