1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Политичките прашања стануваат неизбежни во дијалогот Белград-Приштина

Белград и Приштина со посредство на ЕУ, по се’ изгледа, од техничка фаза на дијалогот ќе преминат на решавање на прашања со политички карактер. Прво на списокот ќе биде прашањето за паралелните институции на Косово.

Некои аналитичари сметаат дека во текот на оваа година на маса може да се најде некој облик на договор за нормализација на односите, што би било голем чекор напред кон постигнување на она што во ЕУ се нарекува не трајно, туку одржливо решение на српско-албанскиот конфликт.

Како што објаснуваат во Белград и платформата на Србија за Косово, која е во фаза на финална дообработка, е на линија, во атмосфера кога не постои општа подготвеност да се дојде до трајно решение, барем привремено да се решат некои политички прашања. Во нацрт платформата, од која медиумите цитираа изминатите недели, привремениот карактер на она што ќе биде договорено ќе биде истакнат според принципот „ништо не е договорено, додека се’ не биде договорено“. Тоа, судејќи според се’, во крајниот текст на платформата сепак нема да биде присутно во тој облик, бидејќи постои проценка дека барем во првата фаза од политичкиот дијалог не треба по секоја цена да се инсистира на сестрано решение.

Отворање на прашањето за паралелните институции на Косово е неизбежно

Претседателот на Владата на Србија Ивица Дачиќ, кој пред неколку месеци техничкиот дијалог меѓу Белград и Приштина го подигна на највисоко политичко ниво, објаснува дека во наредната половина година дијалогот со посредство на ЕУ ќе го опфати и прашањето за паралелните институции на северот на Косово. Таа тема, како што најавува премиерот, ќе биде отворена на неговиот нареден состанок со Хашим Тачи и Кетрин Ештон на 17 јануари, кога ќе се отвори и прашањето за посебениот статус на Србите на северот на Косово.

Директорот на Форумот за етнички односи Душан Јањиќ очекува во наредните месеци на маргините на дијалогот Белград - Приштина да се интензивираат надворешно-политичкиот и внатрешно-политичкиот притисок, бидејќи претстои навикнување на нова реалност - дека северно Косово е сместено во рамките на Косово, што можеби ќе ја актуелизира потребата од промена на Уставот на Србија.

Преговори со ЕУ во 2013 година

Fotomontage Flaggen Serbien EU Symbolbild

Србија во 2013 година ќе ги започне преговорите за пристапување во ЕУ потврди денеска (02.01) потпретседателката на српската влада задолжена за европска интеграција Сузана Грубјешиќ и нагласи дека клучен услов за напредокот на тој пат е решавање на прашањето за Косово. Услов нема да биде владата да ја признае независноста на покраината, рече Грубјешиќ за Б92, наведувајќи дека март може да биде првиот месец кога би можело да се одлучи за тоа дали Србија може да добие датум за почеток за преговори во јуни.

„Може да очекуваме добивање на фамозниот датум за почнување на преговорите, кој е важен најмногу за целиот процес на евроинтеграции да стане неповратен и во текот на тој процес да се трансфомираме како општество“, вели Грубјешиќ. Таа повтори дека од напредокот на Србија во дијалогот со Приштина зависи процесот на европските интеграции.

„Тоа не е мое мислење, тоа е мислење на сите кои го следат процесот. Два колосеци не постојат, ако порано можеше, погледнете ги заклучоците од декември 2011 и декември 2012 и ќе видите два колосеци повеќе не постојат. Единствен најзначаен услов за добивање датум е напредок во дијалогот со Приштина“, изјави Грубјешиќ.