1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Политичките партии бараат компромисно решение за избор на Државен обвинител

Политичките партии во Македонија бараат компромис околу моделот за избор на Државниот обвинител. Во Собранието се води остра дебата околу примената на албаснкиот јазик што треба да се регулира во Деловникот за работа.

default

Во Скопје се бара решение за избор на Државен обвинител

Опозицијата е подготвена да се откаже од двотретинското мнозинство за избор на идниот Државен обвинител ако неговиот мандат и личноста претходно бидат усогласени од Советот на обвинители. Со тоа би се намалиле шансите за неговата зависност од владата. Ова го соопшти шефот на Социјалдемократите Радмила Шеќеринска по тричасовната лидерска средба околу динамиката на конституирањето на правосудните органи.

Собирот и овојпат го бојкотираше Али Ахмети, а неговите пратеници од ДУИ водеа жестока парламентрана полемика со пратениците од владеачката ДПА околу ефектите од воениот конфликт и кој се има поголеми придонеси во развојот на правата на Албанците во Македонија.

Јаловата дебата прекината

„По 15 часот сум известен дека има координација на коалицијата на мнозинството со премиерот и сите минситри.“ со оваа информација парламентарниот претседавач Иван Анастасовски успеа да ја прекине јаловата дебата околу новиот Деловник во Парламентот.

Parlament Gebäude in Skopje Innenansicht, Mazedonien

Во Парламентот партиите дебатираат околу Деловникот

Неговото ненадејно одмрзнување ги предизвика сомневањата дека на мала врата треба да се институнационализира политичкиот дијалог Груевски - Ахмети околу педестината закони што ќе се гласаат според Бадентеровото мнозинство.

Предлагачот Лалчевска кажа дека „Ова е Деловник кој произлезе после Твининг програмата во минатиот мандат, кога работевме со Словенците по однос на правилата на работа на Собранието. Значи овој деловник не го напишав јас по желба на Груевски. “ - „Затоа сакам да ве замолам да ги донесуваме сите други закони, се покажа во последните месеци дека нема пречки во Деловникот.“ спореше од говорницата пратеникот Најдовски од опозициската ЛДП.

Деловникот е само дел од отворените прашања

Би требало да се постигне договор и околу комплетирањето на републичкиот Судски совет. За новите петмина кандидати и утре ќе се оддржи лидерска средба, но има разлики и меѓу премиерот и претседателот на државата кој предлага двајца од нив. „Спремен сум околу тоа да поразговарам, да се консултирам со сите парламентрни партии. Меѓутоа кога велам со сите тоа значи и со власта и со опозицијата. Она што нема да го прифатам е обидот да се смета дека кандидатите на претседателот треба да пороизлезат од опозицијата, а кандидатите на Собранито како кандидати на парламентарното мнозинство. “ реагираше неодамна шефот на државата Бранко Црвенковски на највите да најде нови кандидати за највисоката судска институција.

Утре партиските лидери повторно ќе разговараат околу докомплетирањето на републичкиот Судски совет. Премиерот Никола Груевски со доза на иронија изрази надеж дека лидерот на СДСМ Радмила Шеќеринска ќе има мандат да го искаже партискиот став, со директна алузија дека треба да биде консултиран претседателот Црвенковски за кого ВМРО ДПМНЕ тврди дека е лидер во сенка на опозицијата.