1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Политичката криза се заострува

Политичкиот судир меѓу претседателот, власта и Парламентот во Македонија се заострува. По одлуката на претседателот Бранко Црвенковски за аболиција на струмичкиот градоначалник Зоран Заев реакциите не стивнуваат.

default

Бранко Црвенковски нема да ги потпише законите донесени без присуство на опозицијата

Министерството за правда смета дека шефот на државата направил груб атак врз судската власт. Спорот се проширува и со одлуката на Црвенковски да не ги потпише неколкуте закони кои Парламентот ги донесе без присуство на опозицијата, за што денеска и официјално треба да го извести претседателот на законодавниот дом.