1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Политичарите се плашат од нечиста совест

Заштитата на актуелни и поранешни функционери не може да се реши со закон, туку со безбедносни проценки, велат експертите. Од што се плашат политичарите, особено откако ќе станат бивши?

Oва прашање се наметната откако двајца пратеници од вледејачката ВМРО-ДПМНЕ во Собранието доставија на усвојување три члена од Законот за Влада, кои по заминувањето од функцијата на премиерот ќе му овозможат лично обезбедување од шест телохранители по негов избор, возило и возач во период колку што траел и неговиот мандат. 

Политичарите најмногу се плашат од сопствената совест, вели Павле Трајанов, поранешен министер за внатрешни работи, лидер на Демократскиот Сојуз и коалициски партнер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.   

„Ако правеле грешки и гревови, нормално е да се плашат. Но, ако работеле чесно, нема потреба од ништо да стравуваат“ вели тој. Според него, со закон не може да се утврди колку лица се потребни за нечија безбедност.

Pavle Trajanov

Павле Трајанов: „Ако правеле грешки и гревови, нормално е да се плашат“.

„Шест телохранители не значат ништо. Најважна е безбедносната проценка. Таа го димензионира бројот на лица потребни за заштита на премиерот, врз основа на анализа и на други фактори - каква е внатрешната политичка состојба и дали се нарушени односите во функционирање на системот на безбедност“, укажува Трајанов. 

Знак за криминализирана држава

Дел од аналитичарите оценуваат дека ваквите законски оддредби се апсолутно спротивни на принципите на слободна и безбедна демократска држава и потенцираат дека треба да се работи на укинување на привилегиите и намалување на бројот на привилегираните. Добро е владата да презентира барем еден сличен компаративен пример или вели Слаѓана Тасева, поранешен дека на Полициската академија и потсетува дека Франција ги укина службените возила за министрите, а во Шведска премиерот оди на работа со велосипед.

„Од криминолошки аспект, кога тие што се на власт бараат посебни мерки за обезбедување, тоа значи дека државата е длабоко криминализирана и политизирана и дека институциите не се ни независни ни професионални. Ако актуелниот премиер е убеден во независноста и професионалноста на институциите и ако безбедносната состојба во државата е навистина добра, зошто би постоела потреба премиерот да се грижи за сопствената безбедност? Ако не прави ништо спротивно на законот и ако работи исклучиво во заштита на јавниот интерес, никој нема да потреба да се плаши. Во спротивно очекувам правдата да стигне пред вратата на секој што бил корумпиран или се богател за сметка на народот“, вели Тасева. 

Symbolbild Sicherheitsmann Security

Со нагласените безбедносни ризици за премиерот се занемаруваат оние на МВР, обвинителството и судството.

Чекор пред заминување?

Законските одредби со кои се засилува обезбедувањето на премиерот по истекот на мандатот и покрај објаснувањата дадени од премиерот, будат и други дилеми. Билјана Ванковска, универзитетски професор, смета дека овој потег го отвора прашањето - дали Груевски размислува за заминување, т.е. дали има индикации дека може да ја загуби власта?

„Од тој аспект, ова делува декуражирачки кај неговите сопартијци, а им дава ’муниција’ на оние кои го нарекуваат диктатор. Борбата против криминалот носи ризици, а тоа најдобро го покажа атентатот врз српскиот премиер Ѓинѓиќ. Но, токму тој пример покажа дека и тековното обезбедување на еден функционер може да потфрли, па дури и да биде елемент на загроза. Од друга страна, од досегашната борба против посериозни закани, јас не видов нешто што толку би ги вознемирило засегнатите за да посегнат по животот на премиерот или нешто што би го загрозило по завршувањето на мандатот“, констатира Ванковска.

Според неа, со овие законски одредби се остава впечаток дека само една личност е во херојска позиција да се бори против криминалот и да го ризикува својот живот. „За таквата борба да биде ефикасна, сите знаеме дека е потребно да функционира целиот систем, вклучувајќи го и безбедносниот, а премиерот е само прв човек на извршната власт“, потстетува Ванковска.

Сите се согласни дека овој пример ги изнесува на површина слабостите на еден централизиран систем, во кој, преку ексклузивно нагласените безбедносните ризици за премиерот се занемаруваат заслугите и евентуалните ризици за претставниците на МВР и обвинителството и судството. 

Единствените опозиционери во Собраниетото, пратениците на ДПА, жестоко го искритикуваа предлог-законот, со образложение дека заштита им е потребна на пратениците кои беа исфрлени од парламентот, а не на премиерот.