1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Политичарите бараат одговорност во скандалот со „Њус оф д ворлд“

Како збунувачка и перверзна се оценува одлуката на Руперт Мурдок да го затвори најпродаваниот британски таблоиден весник, по откривањето на аферата за пробивање на пораките на познати личности и жртви на убиства.

default

Британскиот печат жали за скандалот со „Њус оф д ворлд“, но во исто време како збунувачка и перверзна ја оценува одлуката на Руперт Мурдок да го затвори весникот.

„Вчера еден дел од Англија почина и сега е момент за жалење“, стои во колумната на весникот „Тајмс“. „Тие произведуваа одлични текстови, а по некогаш и покажуваа големи грешки“.

„Тајмс“ критикува дека тие се засрамија себе си со постапката, го уништија весникот и ја уништија вербата во слободниот печат.

„Дејли мејл“ на насловната страница оди со насловот “Весникот што умре од срам’, додека „Дејли Телеграф“ се определи за „Збогум, суров свету“, алудирајќи на дел од името на весникот.

Неколку солзи капнале и во лево - ориентираниот весник „Гардијан“, кој продолжува да ја следи темата со „Њус оф д ворлд“ високо на својата новинарска агенда.

Одлуката да се затвори весникот со традиција на излегување од 168 години се оценува како еден од најкритичните и најциничните потези во кариерата на Руперт Мурдок.

Großbritannien Abhörskandal Pressekonferenz Premierminister David Cameron in London

Премиерот Дејвид Камерон на пресконференцијата посветена на скандалот

Премиерот бара нов систем за регулација, а опозициониот лидер одговорност

За затворањето на весникот се огласи и премиерот Дејвид Камерон. Побара нов систем на регулација во медиумите. „Тој треба да биде вистински независен, за јавноста да знае дека весниците нема да бидат одговорни само за самите себе, туку ќе бидат суштински независни од Владата, за јавноста да знае дека политичарите не се обидуваат да му ја контролираат муцката на печатот, кој мора да биде слободен да бара сметки од политичарите“, забележа Камерон на прес-конференција во Лондон. Тој систем на регулација треба да направи баланс помеѓу индивидуалните права на приватност и она што е од јавен интерес, додаде Камерон.

Лидерот на опозицијата, Ед Милибанд, бара одговорноста за скандалот со прислушкување да не заврши со затворање на весникот, туку со барање одговорност од главниот уредник во тоа време, Ребека Брукс.

А, одговорноста веќе почна да се бара и меѓу други вработени и поранешни вработени во таблоидот. Енди Коулсон, поранешниот шеф за комуникации на актуелниот британски премиер денеска е уапсен во Лондон, за обвинувањата за прислушкувања што ги направил „Њус оф д ворлд“, бидејќи пред да дојде во премиерската канцеларија, работел како уредник во весникот во периодот кога се правени прислушкувањата. Тој претходно се бранеше во јавноста дека не бил свесен оти нешто лошо се случува, но дека во исто време ја презема одговорноста.

Großbritannien Abhörskandal Boulevardzeitung News of the World Andy Coulson verhaftet

Енди Коулсон е уапсен денеска

Весникот прислушкуваше и во 2007-ма

Првпат обвинувања за прислушкувања од весникот имаше во 2007, кога новинар и приватен детектив беа осудени за упад во пораките испратени од членови на кралското семејство. Невообичаената одлука да се затвори весникот, дојде откако се откри дека вработени во таблоидот влегле во пораките на роднини на загинат во војната во Ирак, на убиената ученичка Мили Даулер и веројатно на жртвите од бомбашките напади во Лондон.

Screenshot News of the World

Познат по аферата со Зоран Талер

Најпродаваниот британски таблоиден весник се затвора откако ќе излезе во продажба неделното издание. Парите од продажбата на последниот број ќе одат во добротворни цели. Весникот се продаваше во 2,6 милиони примероци и го читаа околу 7,5 милиони луѓе.

Таблоидниот весник меѓу македонските граѓани остана во сеќавање по објавувањето на скандалот со нудење пари на европратеници за поднесување амандмани за менување на европското законодавство на штета на граѓаните. По тој скандал, известувачот за Македонија, Зоран Талер си поднесе оставка на местото европратеник.

Автор: АМ/Ројтерс/АФП/Дојче веле

Редактор: Симе Недевски