1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Политика на празни столови

Грижата поради можна еднострана осуда на Израел и настапот на иранскиот претседател, Махмут Ахмадинеџад наведува се‘ повеќе држави на откажување на учеството на денешната (20.04.2009) конференција на ОН против расизам.

default

Ова е конференција во последна минута. Уште одамна не беше познато кој ќе учествува, а советувањата околу завршниот документ траеја до викендот. Кога Високиот комесар на ОН за човекови права Наванетем Пилај, во петокот, застана пред новинарите, делуваше олеснето: „Благодарна сум што можам да ви соопштам дека Комитетот за подготовки го усвои предлог завршниот документ и тој ќе биде предложен на конференцијата.“

Дали тој ќе има голема полза против расизмот, нетолеранцијата и непријателството кон странците треба допрва да се покаже: средбата е малку посетена.

САД не се присутни поради можно лицемерие

Отсутни се важни актери, пред се‘ САД, иако пред конференцијата се исполнети речиси сите барања на Вашингтон. Организаторите на манифестацијата прикриено ќе презентираа лицемерни префрлувања за расизам против Израел, изјави американскиот претседател Барак Обама на завршната конференција на самитот на Организацијата на американските држави, вчера во Порт оф Спеин. Израел веќе одамна го откажа учеството.

Mahmoud Ahmadinejad Ankunft auf UN-Rassismus-Konferenz in Genf

Махмут Ахмадинеџад пристигнува во Женева

Држави како Иран, Либија или Куба се обидуваа и сега повторно го прават тоа, да ги користат ОН за да ја стават на срамен столб израелската политика кон Палестинците. Сопствените и проблемите на другите држави во заштитата на човековите права, притоа, остануваат настрана. Навредата на религиите, конкретно на исламот, треба да биде забранета преку заклучок на ОН. Тоа стоеше во предлог завршниот документ на Женевската конференција, но потоа беше избришано. Сега постигнатиот компромис, се надева и организацијата Хјуман Рајст Воч, може да биде чекор напред. Портпаролот на оваа организација Жулиет Риверо, вели: „Се надеваме дека на крајот ќе има силна декларација од сите членки на ОН за борба проти расизмот.“

Бојкот и од држави членки на ЕУ

Но, конференцијата ја бојкотираат и држави од ЕУ, меѓу нив Холандија, Италија и Германија. Ним не им е по волја да учествуваат на конференција чиј концепт е под силно влијание на Либија и Куба и на која уште првиот ден ќе зборува иранскиот претседател Махмут Ахмадинеџад. Високиот комесар на ОН за човекови права Пилај, меѓутоа, се надева на наоѓање решение: „Секогаш велам, за милионите жртви кои секој ден страдаат низ цел свет поради расизам и нетолеранција, важно е државите да постигнат единство, а ние тоа го направивме.“


Автор: Аксел Вајс / Жана Ацеска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM