1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Политиката на страв - против човековите права

Во годишниот извештај што беше денес објавен во Берлин, Амнести интернешанал констатира дека безбедносните мерки против терористичките напади и создавањето политика на страв се сертиозна закана за човековите права и слободи. На триипол страници се говори и за ситуацијата во Македонија каде не е заобиколен случајот Ел Масри

default

Инцидентите и меѓусебните напади, меѓу двете најголеми албански партии ДПА и ДУИ, пред и по минатогодишните парламентарни избори се најдоа во годишниот извештај за човековите права во Македонија на Амнести Интернешанал.

"

Извештајот за Македонија е само еден од сто и четириесет и четирите колу што ги има. Кога е во прашање ситуацијата со човековите права во Македонија ги критикуваме затворите кои делумно се преполни и затворенивите се наоѓаат во критична состојба, посебно во затворот Идризово!Втора важна точка на критика е што многу влади во борбата против тероризмот ги повредуваат човековиоте права. Станува збор за случајот Ел Масри кој и тука во Германија подолго време е во центарот на јавноста” - изјави за македонската програма на Радио Дојче веле Барбара Лохбилер, генерален секретар на германската секција на Амнести интеренешанал.Таа забележува дека иако Ел Масри 23 дена пред да биде префрлен во Авганистал, бил уапсен во Македонија, се уште е нејасно дали властите соработувале со ЦИА и САД или ја толертирале нивната активност.

”Сметаеме дека македонската влада треба повеќе да направи и да ги дообјасни работите. Тоа е само еден случај.Но ако се имаат предвид забелешките на Европскиот совет и Европскиот парламент, не само кон Македонија туку и кон другите европски држави, јасно е дека владите треба да имаат поголема одговорност кон сопствените земји” - подвлече Лохбилер.

Во годинашниот извештај на Амнести се вели дека борбата против тероризам создава политиката на страв.Преку засилени безбенодни мерки многу влади ги ограничуваат човековите права и слободи.Ова го има и во демократски држави.Лохбилер како драматична ја оцени ситуацијата во Африка, каде три милион и луѓе се прогонати. Таа потсети дека токму земјите од Г8 се најголеми снабдувачи со оружје во конфликтинте подрачја на Африка.Во врска со престојниот самит на Г8 во Хајлигендам, Амнести ги критикуваше превентуивните мерки на безбедност, најавените апсења на потенцијалните противници, истакнувајќи дека демонстрациите се човеково право. Извештајот се осврнува и на човекови права во Русија, но и во Кина наспроти олимписките игри. Лохбилер побара германските власти да не ги враќаат назад бегалците и барателите на азил од Ирак.