1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Политиката на Борисов ги доведе Бугарите до работ на егзистенцијата

Зголемените цени на струјата беа само поводот за протестите во Бугарија кои доведоа до пад на владата. Причините се многу подлабоки и треба да се бараат во лошата политика на владата и големата сиромаштија во земјата

„Крадци, разбојници, мафија!“, извикуваа илјадници демонстранти во Бугарија изминативе денови. Поводот за протестите беа високите цени за струја и греење, но набрзо тие се претворија во протести против владата. Начелно, цената на струјата во Бугарија е најниска во ЕУ. Во Германија, на пример, струјата чини трипати поскапо. Но, двата големи енергетски концерни чешкиот ЧЕЗ и австрискиот ЕВН наплаќаат огромни суми за преносот на енергијата. Тоа доведе до речиси двојно поскапување на струјата последнава година, што пак за многу граѓани е премногу.

При месечен приход од едвај 360 евра и кирии кои во просек се движат околу 150 евра, со поскапувањето на струјата многу Бугари почувствуваа дека дошле до работ на егзистенцијата. Енергетските концерни, пак, се жалат дека не можат да работат економски исплатливо во ситуација кога владата го ограничува покачувањето на цените на струјата. Притоа загубите при преносот на електричната енергија на остарените бугарски мрежи достигнува и до 25 проценти, што е трипати повисоко од просекот во ЕУ.

Вистинските причини за кризата

Владата на Бојко Борисов е првата која беше избрана по влезот на земјата во ЕУ, но и првата која поднесува оставка по 16 години. Цената на струјата беше

Bulgarien Regierung Rücktritt Proteste

Бојко Борисов

само иницијалната каписла за протестите и за владината криза, но во суштина се работи за неисполнетите ветувања за брз просперитет на земјата, смета Марко Арнд од фондацијата Конрад Аденауер.

„Бугарија е фискално многу стабилна, но ваквата стабилност има висока цена. Инвестициите во инфраструктурата се ретки, и таму каде што ги има се финансираат од фондови на ЕУ. Платите се многу ниски и со години не се покачени, пензиите едвај им стасуваат на пензионерите да преживеат. Според некои статистики, речиси 1,5 милиони луѓе во земјата, или една петина од населението, живеат под границата на сиромаштија“, вели Арнд.

И според Јохана Дајмел, претседателка на Здружението на југоисточна Европа од Минхен, смета дека цените на струјата биле само повод, додека причините лежат во погрешните економски и социјални политики на владата.

„Тоа е еден вентил за да се искаже незадоволството од социјалната состојба. Причините за лошата социјална и економска состојба на голем дел од населението се само делумно во финансиската криза во Европа. Оттука протестот е правилно насочен против владата“, вели Дајмел. Но според неа, оставката на целата влада е неодговорна постапка во оваа ситуација:

„Еден човек како Борисов кој градеше мачо-имиџ, сега се однесува како мало дете и во моментот кога почувствува дека ги губи симпатиите на граѓаните, побегна. Ескалацијата на протестите ја доведува земјата во критична ситуација, која бара јасно и одлучно водство, а не оставка“.

Време на популистите

Борисов и во домашната јавност и надвор се претставува за популист кој и е верен на ЕУ, но секогаш го слуша народот. И кога „неговата“ полиција употреби сила против народот, како што тоа беше случај во вторникот во Софија, тој веќе

Johanna Deimel

Јохана Дајмел

тоа наводно повеќе не можеше да го поднесе. Но, во суштина се работи за обид тој да се одржи на власт. Борисов очекува предвремени избори во најкус рок, затоа што поддршката за неговата партија ГЕРБ се топи, и реална е опасноста дека до редовниот рок на 7 јули тој нема да може да обезбеди мнозинство во парламентот.

За Бугарија не претстојат добри времиња, прогнозира Јохана Дајмел. „Кампањата ќе биде многу валкана. ГЕРБ има мали шанси да биде реизбран, но доаѓа време на популисти и екстремисти, а граѓанскиот центар ќе има големи проблеми“.

Процедурално, моќта е сега во рацете на претседателот на државата Росен Плевнелиев. Тој има можност да ги предводи консултациите за преодна влада. Но, аналитичарите во Софија предвидуваат дека Плевнелиев, како поранешен министер во владата на Борисов, ќе го слуша својот екс шеф и ќе свика предвремени избори.