1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Политизација на виртуелниот простор

Времиња на една информатичка револуција, поттикната од се’ подобри комуникациски технологии. Но, 2010 годинa би можела да влезе во историјата, со тоа што светската јавност ја сфати воената димензија на оваа револуција.

default

Постои еден поим со кој се поврзува милитаризацијата на виртуелниот простор: „Стакснет“. Оваа програма ненадејно се појави изминатото лето, најверојатно откако ја имаше завршено работата: целна саботажа на иранската атомска програма, поконкретно - технички комплицираниот процес на облагородување ураниум. Она што ја вџаши стручната јавност: „Стакснет“ е програма за манипулирање на индустриските системи. Нејзиниот досега непознат создавач богато ја опремил со алатки за инфекција дури и на

Stuxnet Virus

„Стакснет“ вирусот

принципиелно згаснати мрежи.

Со оглед на тоа што индустриските системи нападнати од „Стакснет“ се применуваат во целиот свет, на пример во електроцентрали, хемиски фабрики и рафинерии - анализите за опасност од закани сега треба да бидат преработени, смета Штефан Ритер од Центарот за безбедност и информациона технологија во Бон:

„Сега постои доказ. Тоа веќе не е фиктивна закана, за која зборуваат неколкумина експерти во канцеларија, туку е реална закана и таа закана е екстремно голема.“

Сајбер закана, една од трите најголеми опасности на денешницата

Во меѓувреме, на заканите од сајбер просторот реагираше и НАТО. На самитот во Лисабон Северноатланскиот сојуз усвои нова стратегија. Таа ги вбројува сајбер нападите меѓу трите најголеми опасности на денешницата, покрај тероризмот и оружјето за масовно уништување.

DOSSIER Teil 1 Wikileaks Symbolbild

„Препознавме дека сајбер просторот е една од најзначајните теми, со која мора да се занимаваме“, вели Медлин Олбрајт, поранешната американска министерка за надворешни работи и претседател на Комисијата што ја изработи НАТО-стратегијата.

Во американската армија за тоа се грижи посебен орган, т.н. „Сајбер команд“, формиран во мај годинава, под раководство на генерал Кејт Александер, воедно шеф и на моќната американска тајна служба НСА. „Ние во ’Сајбер команд’ сме одговорни за надзор на секојдневните операции и заштита на информативните мрежи на министерството за одбрана и за систематско планирање, интеграција и синхронизација на сите сајбер активности.“

Викиликс ја разбранува светската јавност

Меѓутоа, доколку „Сајбер команд“, смееше да прави што сака, тогаш би сториле се’ да ги блокираат серверите на Викиликс, интернет платформата, која од јули почна да објавува американски тајни документи за војната во Авганистан:

„Објавувањето на овие документи, потенцијално може да нанесе тешки и опасни последици на нашите трупи и нашите партнери на борбеното поле“, оцени американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс.

NO FLASH Google Street View Kamera Datenschutz Überwachung

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж возврати: „Министерот за одбрана Гејтс зборува за хипотетичка ситуација. Меѓутоа, земјата во Ирак и Авганистан е потопена со вистинска крв. Министерот за одбрана Гејтс во овие земји имаше надзор над убиствата на илјадници деца и возрасни.“

Во октомври Викиликс ги објави ирачките воени дневници. Речиси 400.000 документи фрлаат нова светлина врз војата во Ирак. Никогаш до сега не биле објавени толку многу тајни американски воени документи.

Најголемиот успех досега Викиликс го постигна на крајот на ноември, кога почна со објавување на нови 250.000 доверливи и тајни соопштенија на американските амбасади од целиот свет. Објавувањето нa оценките и проценките на американските дипломати ја погодија надворешната политика на Вашингтон во најосетливиот нерв: во довербата што ја уживаат кај нивните партнери.

Дипломатите на САД ширум светот, со недели беа силно ангажирани да ја намалат нанесената штета. Според проценките на американските медиуми, 2,5 милиони луѓе имаат пристап до доверливите документи.

На наредната страница:

Заштитата на податоци им лежи на срце на Германците