1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Полесно до сина карта за работа во Германија

Со т.н сина карта треба да биде олеснето доселувањето на работна сила, пред се’ на стручњаци од не- ЕУ земјите во Германија. Најнапред крутите услови сега се олабавуваат.

Со техниката Германија сака да прави поени на светските пазари- но инжинерите неопходни за такво нешто тука се реткост. Стопанството бара итно образован стручен кадар- и полага надежи на доселениците. Една голема пречка досега беше неопходната минимална заработувачка. Германската влада сака сега да ја отсртрани таа пречка и да го спушти износот за минимална годишна плата.

„Со тоа испраќаме јасни сигнали до амбициозните меѓународни стручњаци надвор од Европа. Пораката гласи: потребни сте. Добредојдени сте заедно со вашите семејства. Вие имате иднина во Германија“, изјави Оле Шредер, државен секретар во министерството за внатрешни работи на првото читање во германскиот парламент на изменетиот предлог законот за сината карта .

Symbolbild Blue Card für Europa

Да се држи чекор во трката по експерти

Според него :

Стручњаците од земји кои не се членки на ЕУ мораат да прикажат призната факултетска диплома. Во некои бранши доволно е и 5- годишно работно искуство. Годишната плата што ќе ја добива таков стручњак од новиот работодавач во Германија мора да изнесува најмалку 44 илјади евра -бруто. Досега беа потребни 66 илјади евра- бруто годишно за стекнување на сината карта.

Доселениците потоа можат по две години да добијат и дозвола за долгорочен престој

За експертите во 60 особено барани професии вратите треба да се подотворат уште малку пошироко. На стручњаците од природните науки, математичарите, лекарите на пример во иднина им треба само да докажат минимална годишна плата од 33 илјади евра бруто за да можат по две години да добијат долгорочен престој во Германија

Раководнитe кадри и висококвалификуваните специјалисти кои заработуваат најмалку 48 илјади евра- бруто годишно пак можат веднаш да добијат дозвола за долгорочен престој

Со тоа Германија се надева дека ќе може да оддржува чекор во меѓународната трка по експерти . Конкуренцијата е голема и во самата Европска Унија.

Автор: Дорис Краних/ Симе Недевски

Редактор: Борис Георгиевски