1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Полански доби „Цезар“ за режија

Доделени се наградите Цезар на француската филмска академија. Полански за филмот „Венера во крзно“ го доби највисокото признание за режија. Филмот на Гијом Галијен собра вкупно пет награди, тој е вкупен победник.

Роман Полански за „Венус во крзно“ го доби третиот за него Цезар како режисер. Полански не е номиниран за Оскар.

„Мама и јас!“ триумфираше на 39-та Церемонија на Цезарите, организирана синоќа во театарот Шатле во Париз.

Првиот долгометражен филм на Гијом Галијен на авторот му го донесе Цезарот за најдобар филм, најдобар прв филм, за најдобра адаптација, најдобар актер, неговиот филм го доби и Цезарот за најдобра монтажа. Се работи за автобиографска комедија која раскажува за момчето кое мајката го воспитува како ќерка. Филмот во Франција веќе намами над 2,5в милиони гледачи во кината. 43-годишниот комичар во него се игра самиот себе си и својата мајка, за двојната улога ја доби наградата најдобар глумец.

Покрај петте Цезари за еден ист филм, другите трофеи на француската филмска академија отидоа кај вкупно 11 филмови.

Квентин Тарантино ѝ го додели почесниот Цезар на Скарлет Јохансон.

„Франција мене и на останатите актери ни служеше како културно прибежиште за филмовите кои не можеа да бидат снимани на друго место“, изјави Јохансон при примањето на наградата.