1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Покренато обвинение за случајот „Претседавач“

Основното јавно обвинителство покрена обвинение за 12-мината осомничени во случајот „Претседавач“. Меѓу нив е првиот човек на Советот на Општина Центар, Шиповиќ, кој се товари за незаконско работење во „Машинопромет“.

Од скопскиот Кривичен суд ја потврдија ваквата одлуката која доаѓа веднаш по завршување на истрагата. Во аферата „Претседавач“ првообвинет е првиот човек на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ кој заедно со останатите се товари за незаконско работење во „Машинопромет“ во периодот од 2008 до 2009 година.

Според обвинението, со продажба на стари делови обвинетите избегнувале плаќање на данок, а со тоа го оштетиле буџетот на државата за 17 милиони денари, додека фирмата претрпила штета од еден милион евра.

Членови на СДСМ, меѓу кои и актуелниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски, повторно протестираа пред скопскиот Кривичен суд, барајќи на обвинетите да им се овозможи да се бранат од слобода.

По истекот на роковите за жалба на обвинителниот акт ќе биде закажан почетокот на судењето во скопскиот Кривичниот суд.