1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Покрената кривична постапка против Ѓоргески

*

Хрватската полиција покрена кривична постапка против Ѓорѓи Ѓорѓески за предизвикување на сообраќајната несреќа во која загина македонската музичка ѕвезда Тоше Проески, соопшти портпаролката Ката Нуиќ. Како што јавуваат хрватските медиуми пријавата е доставена до жупаниското јавно обвинителство во Бродско посавската жупанија, а почетокот на казнената постапка се очекува следната недела. Извештајот на наодите на судскиот вештак кои треба да го расветлат случајот треба да биде подготвен до крајот на неделата. Тоше Проески загина во вторникот кај Нова Градишка, кога возилото со кое управувал Ѓоргески со десниот преден дел удри во камион со приколка. Агенцијата за млади и спорт на Македонија денеска одлучи една од спортските сали кои се дел од владиниот проект „35 спортски сали“ да го носи името на Тоше Проески. Македонската фудбалска репрезентација, синоќешната подбеда од 3:0 над Андора му ја посвети на Тоше Проески. И најпознатиот македонски пијанист Симон Трпчевски, синоќешниот концерт во Лондон му го посвети на Тоше.