1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Покер околу нова резолуција за Сирија

Во Сирија примирјето е кршливо, а ОН имаат намера да испратат набљудувачка група во земјата. Во Советот за безбедност на ОН се работи на деталите за нова резолуција за Сирија.

Преговорите во Советот за безбедност на ОН се одвиваат потешко од очекуваното, велат дипломати. Русија и Пакистан имале задршки. Спорна е точката за слобода на движењето за набљудувачите. Советот за безбедност требаше вчера (13.04.) да ја усвои резолуцијата, меѓутоа одлуката е одложена за денеска (14.04.).

UN Susan Rice nach Sicherheitsrattreffen

Сузан Рајс, амбасадор на САД во ОН

Досегашната нацрт резолуција е преработена, изјави американскиот амбасадор во ОН Сузан Рајз. Меѓутоа се’ уште е неизвесно дали Русија ќе даде согласност или повторно ќе стави вето на резолуцијата.

Рускиот амбасадор во ОН Виталиј Чуркин изјави дека не е „целосно задоволен“ со досегашниот резултат по „прилично тешките“ преговори. Тој прво ќе ја разгледа преработената резолуција. Русија и Кина досега двапати ставија вето на резолуција за Сирија во ОН.

Предлог резолуцијата изработена од западните земји бараше „целосна, непречена и непосредна слобода на движењето“ за набљудувачите. Од претседателот на Сирија Башар ал-Асад се бара „видливо да ги спроведе“ ветувањата дадени на специјалниот пратеник за Сирија Кофи Анан. Советот за безбедност на ОН, според оваа нацрт резолуција го задржува правото за „натамошни мерки“.

Русија има задршки против изразот „непречена“ слобода на движењето за набљудувачите и заканата со „натамошни мерки“. Исто така, според руско гледиште, не треба да се осудат повредите на човековите права во Сирија.

Syrien UN Sicherheitsrat Beratungen

Преговори за Сирија во ОН

Германскиот амбасадор во ОН Петер Витиг опомена дека со оглед кршливото примирје, не треба да се губи време. Резолуцијата би морала да биде усвоена. ОН се подготвени, уште на почетокот на иднава недела да испратат тим за брзи интервенции од околу 30 невооружени набљудувачи во Сирија, за да го надгледуваат примирјето. Групата набљудувачи би можела да се зголеми на 200 лица.

Кршливо примирје

Од четвртокот наутро во Сирија стапи во сила примирјето. Тоа беше дел од планот во шест точки на Кофи Анан за надминување на кризата во Сирија. Во земјата се’ уште има насилство, но во значително помали размери. Според податоци на активисти, денеска сириската армија повторно бомбардирала населби во Хомс, седиштето на опозиционото движење. Исто така, опозиционерите информираат дека имало инцидентни и во провинциите Идлиб, Хасака и Хама.

Американскиот претседател Барак Обама во меѓувреме одобри директкна, невоена помош за сириската опозиција. Медициската опрема и комуникациските средства се планирани за „ненасилната политичка опозиција“, изјави претставник на САД.